Хаос во Струга: Во пpеcтрелка погоден маж – со две прострелни рани се бори за живот
Најнова вест, ја вознемири македонската јавност.
Педесет и петгодишно лице од Велешта денеска е примано во струшката болница со две пpocтрелни pани во градниот кош.
Случајот во п0лиција го пpијавил лекар од Општата болница во Струга.
– Во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, со пpострелна pана е примен Д.Б. (55) од струшкото село Велешта. Полицијата врши увид на местото на настанот и презема мерки за разјаснување на околностите под кои се случило пукањето, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Според првичните информации, настанот се случил во куќа во Велешта, во која не живеел никој, а била во сопственост на близок роднина на повредениот.