Скопје вечерва ќе биде блокирано – посебни движења и многу полиција на Плоштад









Вечерва Скопје ќе биде блокирано на многу локации. Не бидете изненадени ако забележите големо присуство на полиција и специјалци, посебно во строгиот центар на Скопје, односно на Плоштадот Македонија, пренесе Инфомакс.




По повод роденденот на Комити и ФК Вардар, МВР апелира да се избегне непотребно движење на оваа локација, доколку не сте навивач на Вардар или пак немате намера да одите накај Градски парк.




Собирот на навивачите ќе биде нешто по 16 часот на Плоштад.




Најверните вардарови навивачи „Комитите“ низ улиците на главниот град веќе ја започнаа фештата во рамките на прославата на својот 35-ти роденден, но и 75-от роденден на ФК Вардар.




Централното одбележување на 75-годишнината од формирањето на ФК Вардар, но и 35-годишнината од формирањето на навивачката група „Комити“ ќе биде со пријателскиот натпревар меѓу Вардар и Железничар вечерва од 19:30 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.




Но, претходно „Комитите“ со караван низ улиците на главниот град,тргнувајќи од плоштадот Македонија, го одбележуваат својот роденден…

error: Content is protected !!