Вучиќ: Јас верувам и дека нашите браќа Македонци ќе навиваат за Србија









Македонија беше на чекор од Светското првенство во Катар, дојдовме до последната пречка, но Португалија и Кристијано Роналдо беа преголем залак за избраниците ма Милевски.

Само неколку денови претходно, среде Италија ја елиминиравме големата Италија, со гол на Трајковски во последните моменти од средбата.




Србија вечерва игра натпревар против Бразил на Светското првенство, а еуфоријата во Србија пред првиот натпревар на Мундијалот е огромна.




Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пред овој натпревар порача дека очекува и Македонците вечерва да дадат поддршка на српската селекција. Токму како што тие навивале за нас на Европското првенство.




„Очекувам и браќата Македонци, односно најголемиот дел на Македонија да навива за Србија, како што ние навивавме за нив на Европското првенство“, изјави Вучиќ.




Србија и Бразил ќе се сретнат вечерва во терминот од 20:00 часот.

error: Content is protected !!