Шокантна слика: Екипите на ЕВН не можеле да веруваат што гледаат во Арачиново

Пред ЕВН имаше и протест.

Жителите од Арачиново, заедно со градоначалничката на општината бараа да биде пуштена електрична енергија во оваа општина.

Сепак, зошто нема струја. Затоа што имало огромни загуби од неплатени сметки.

Двојни стандарди. Дали сите граѓани се виновни? Секако дека не, но некој мора и да ја плати казната!

Екипите на ЕВН денеска влегоа во Арачиново, за да направат увид во електричната мрежа и да ги лоцираат местата каде што се крадат огромни количини струја поради што се случиле и дефектите во електричната мрежа.

При денешната нивна инспекција, екипите на ЕВН наидоа на искорнати кабли за струја, со што се потврди она за што и претходно кажуваа дека честите дефекти се поради неконтролираното крадење на струјата.

Екипите на ЕВН во Арачиново биле шокирани од самата глетка – едноставно на сите страни имало само искорнати кабли за струја.

Од ЕВН минатата недела соопштија дека штетата што се предизвикува со „дивите“ приклучоци на мрежата изнесува шест милиони евра на годишно ниво.

Во првата фаза ќе се прави инспекција на мрежата, по што ќе следува реконструкција за подобрување на снабдувањето и отстранување на дефектите како резултат на нелегалните приклучувања во мрежата.

Од компанијата претходно одбиваа да испратат екипи да ги санираат дефектите, оправдувајќи се дека биле физички напаѓани, иако во полиција немало никаква пријава. Според пресметките на компанијата, во селото годишно се краде струја вредна шест милиони евра.

Електрификација на Македонија (1909-1944)

Првата светилка во Македонија се запалила во Скопје во 1909 година кога е изградена првата електрична централа на парен погон. Во тоа време Македонија била дел од турската империја.

Првата електрична централа во Македонија

Електрификацијата на другите градови се одвивала самостојно и одделно. После Скопје електрифицирана е Битола во 1924 година, а до 1930 година електрифицирани се Тетово, Велес, Куманово, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Кочани. Од 1931 до 1935 година електрифицирани се: Прилеп, Кичево и Демир Капија, а од 1936 до 1940 година електрифицирани се: Гостивар, Охрид, Струмица и Пробиштип.

Во тоа време електричната енергија се произведувала во мали хидроелектрични централи, но имало и централи на дизел и јаглен.

Најзначајни производствени објекти кои биле изградени пред Втората светска војна се: ХЕЦ „Пена“ со моќност од 1.760 КW изградена во 1927 година, Дизел електраната во Скопје изградена во 1933 година со моќност од 1.000 KW и ХЕЦ „Матка“ со моќност од 4.160 KW изградена во 1938 година.

На крајот од 1944 година во Македонија производството на електрична енергија било повеќе од скромно и изнесувало околу 14.200 МWh со инсталирана моќност од 9.600 КW.

Главни причини за забавената електрификација на овие простори биле слабиот економски развој на стопанството, неразвиената индустрија, а важно е да се спомене дека Македонија во тоа време не била самостојна држава туку провинција на туѓи кралства и империи.

Развој на електроенергетскиот систем (1945-2005)

Веднаш по завршувањето на Втората светска војна, во Македонија е формирано „Федерално електроенергетско претпријатие“ (ФЕП) за Македонија кое управувало со сите електроенергетски ресурси во државата. За разлика од претходниот период кога секој град имал независен и посебен електроенергетски развој, ФЕП за Македонија функционирала како единствена компанија на целата територија на државата во рамките на Федерална Југославија. Со текот на времето имињата на претпријатието се менувале: „ФЕП за Македонија“ до 1954, „Електростопанска заедница на Македонија“ до 1966, „Електро Македонија“ до 1990, „ЈП Електростопанство на Македонија“ до 2005, а по поделбата и ребрендирањето започнува да се употребува називот „ЕВН Македонија АД“ – Скопје.

Првомајска парада во Скопје

Обновата на електроенергетските капацитети кои биле тешко оштетени или разурнати во војната станала примарна и сеопфатна задача која со помош на државата и граѓаните во повоениот период во Македонија успешно се спроведувала. Електрификацијата на Македонија била речиси целосно реализирана и електричната енергија станала секојдневие во скоро сите градови и села во земјата. Систематски и макотрпно била градена дистрибутивната мрежа, трафостаниците и новите енергетски објекти кои успевале да ги задоволат се поголемите потреби од електрична енергија на домаќинствата и растечката индустрија. Како најзначајни производствени капацитети на електрична енергија кои се изградени во повоениот период па се до осамостојувањето на Македонија во 1991 треба да се издвојат:

ТЕЦ Маџари (1949)

ХЕЦ Маврово (1957)

ХЕЦ Тиквеш (1968)

ХЕЦ Глобочица (1965)

ХЕЦ Шпиље (1969)

ТЕЦ Неготино (1978)

ТЕЦ Осломеј (1980)

РЕК Битола (1982)

Електроенергетскиот систем на Македонија од 1945 до 1990 година се развивал и бил составен дел од електроенергетскиот систем на поранешна Југославија. По распаѓањето на југословенската федерација и осамостојувањето на Република Македонија како независна држава следеше и прекинот во високонапонската мрежа со остатокот од СФРЈ. Ова значеше и осамостојување на македонскиот електроенергетски систем кој и покрај тешкотиите не дозволи поголеми проблеми во снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија.

Единственото претпријатие „АД Електростопанство на Македонија“, во 2005 година се подели на три претпријатија и тоа „АД ЕЛЕМ“ за производство на електрична енергија, „АД МЕПСО“ чија дејност е преносот на електрична енергија и „ЕСМ АД“ за дистрибуција на електричната енергија. Со купопродажниот договор во Април 2006 година „ЕСМ АД“ станува сопственост на концернот EVN AG од Австрија, a со ребрендирањето во 2008 година ова претпријатие го добива сегашното име ЕВН Македонија АД Скопје.

ЕВН Македонија по 2006

Веднаш по приватизацијата на ЕВН Македонија од страна на EVN AG во 2006 година започна целосна реорганизација на компанијата. Затекнатите лоши состојби во наплатата, загубите на електричната енергија, неквалитетната инфраструктура, лошите финансиски резултати и другите негативни показатели започнаа да се менуваат темелно и систематски.

Со големите инвестициски вложувања, современа организациска и раководна поставеност и користење на најновите технолошки достигнувања во електроенергетската дејност, ликот и резултатите на компанијата целосно се променија.

ЕВН Македонија за кратко време во Република Македонија стана јасно препознатлив бренд и пример за модерна компанија која за своето целокупно работење доби многу признанија и награди.

Со успешно спроведената реорганизација и трансформација, ЕВН Македонија создаде цврста основа за реализација на поставените цели и справување со сите предизвици во иднина.

МИЛОШОСКИ: Бектеши релативизира, Арачиново е со 0,7 отсто население во МК, а краде 10 отсто од струјата

Додека министерот за економија го релативизира крадењето струја, граѓаните плаќаат поскапо, а многу фирми се мислат дали да стават клуч на врата!

Владата на Ковачевски и Бектеши е досега убедливо најлошата влада без сериозен план и стратегија за економијата и енергетиката!

И замислете колку многу се краде струја кога Арачиново со 0,7% од населението во Македонија (12.000 жители), според признанието на министерот Бектеши, краде 10% од државната струја која потоа, преку повисоки сметки ја плаќаат сите други граѓани и фирми!

error: Content is protected !!