Светот никако да се смири. На повеќе фронтови има отворени пресметки. Најновата ни доаѓа од Багдат..
Најмалку пет лица загинаа за време на судирите меѓу приврзаниците на ирачкиот шиитски верски водач Моктада ал-Садр и безбедносните сили во Багдад, а во целата земја беше воведен полициски час.
Немирите дојдоа кога Ал Садр објави дека се повлекува од политиката и ги затвора своите канцеларии како одговор на нерешливата политичка ситуација.
Стотици приврзаници на Ал Садр упаднаа во Палатата на Републиката, што доведе до судири со безбедносните сили, при што беа убиени најмалку пет демонстранти.
Демонстрантите со јажиња ги отстранија бариерите пред владината палата и ги пробија портите. Многумина побрзаа во луксузните салони и мермерните сали, каде што се собираат ирачките лидери и странските достоинственици, пренесува агенцијата АП.
Во престрелката беа ранети најмалку 15 учесници на протестот, а 12 беа повредени кога врз нив беше фрлен солзавец или во физички пресметки со полицијата.
Ирачката здружена оперативна команда воведе полициски час низ целата земја, кој ќе започне во 19 часот по локално време и се уште не е познато кога ќе заврши, јавува Ројтерс.
Нерешливата политичка ситуација по изборите
Политичката сцена во Ирак е поделена на два блока од изборите во октомври минатата година, а обидите на премиерот Мустафа Ал Кадими да посредува меѓу садистите и шиитските групи собрани во коалицијата Рамка за координација беа неуспешни.
„Садристите“ и нивните сунитски и курдски сојузници се обидоа да формираат мнозинска влада по изборите, но Координативната рамка го спречи и изборот на нов претседател кој требаше да го именува премиерот.
Во јуни Садр, незадоволен од преговорите за формирање нова влада, ги повлече 73-те заменици. Неговите поддржувачи упаднаа во парламентот на крајот на јули и оттогаш одржуваат протести пред зградата на парламентот, барајќи предвремени избори.
Поддржувачите на Ал Садр поставија шатори и протестираа пред Врховниот судски совет во вторникот, обвинувајќи го телото дека е пристрасно во корист на нивните политички ривали.
?? | URGENTE: Seguidores del clérigo chiita Moqtada Al-Sadr derribando un muro de hormigón dentro de la Zona Verde de Bagdad después de que su líder anunciara su retiro de los asuntos políticos.
pic.twitter.com/LfVnbidT5L— Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 29, 2022
Ирак е држава во Западна Азија, односно на Блискиот Исток. Се граничи со Кувајт и Саудиска Арабија на југ, со Јордан на запад, со Сирија на северозапад, со Турција на север и со Иран на исток. Главен град е Багдад. Независна држава е од 1932 година, а беше монархија сè до 1958 година.
Населението на Ирак е етнички и верски хетерогено, иако исламот е најзастапена религија со 95%. Трите доминантни заедници се: Арапите шиити (околу 60% од населението), Арапите сунити (околу 20%) и Курдите (околу 15%).
По воената интервенција на САД врз Ирак од 2003 година соборен е дотогашниот режим на Садам Хусеин и Ирак од април 2003 до јули 2004 се наоѓаше под окупација на САД, Британија и нивните сојузници. На 28 јули 2004 власта ѝ е предадена на Привремената влада, иако странските сили продолжија да бидат присутни во земјата и ја имаа вистинската власт до 2011 година. Против окупацијата на западните сили предводени од САД активно се бореше одреден дел од населението на Ирак, а и по повлекувањето на западните сили предводени од САД продолжи бунтот против централната власт.
Ирак е земја која поседува големи резерви на нафта.
Арапското име العراق (al-ʿIrāq) е во употреба за државата уште од 6 век. Денес постојат неколку тези за потеклото на името. Според една теза, името е поврзано со сумерскиот град Урук. Според професорот Вилхелм Ејлерс, името Ирак во арапскиот јазик е преземено од персискиот збор erāq и значи „низина“.
Ирак се наоѓа во Блискиот Исток и со 437.072 км2 Ирак е 58 најголема држава во светот. На север Ирак се граничи со Турција, на запад со Сирија, Јордан и Саудиска Арабија, на југ со Кувајт и Саудиска Арабија, а на запад се граничи со Иран. На југозапад државата изглегува на Персискиот Залив. Ирак е втора земја во светот по резерви на нафта, веднаш за Саудиска Арабија.
Ирак е составен воглавно од пустина, но во близина на реките Тигар и Еуфрат има плодна почва погодна за земјоделство и сточарство. Северниот дел од државата воглавно е составен од планини, каде највисокиот врв има 3.611 метри, кој на картите нема име а локално се нарекува Чека Дар. На југ Ирак има мал брег кој има само 58 километри. Покрај брегот имало мочурливи површини, но истите биле исушени во 1990-те.
Климата во Ирак е пустинска, со сушни и ладни зими и суви, топли лета. Северниот дел има понекогаш нешто поладни периоди кога има и снег.
Ирак од 2005 г. ја признава автономијата на регионот Ирачки Курдистан (Јужен Курдистан), чие подрачје навлегува во покраините Ербил, Дохук, Сулејманија и Халаџба. Непосредната власт врз извесни делови од регионот е сè уште предмет на спор помеѓу овие две управи.
Во економијата на Ирак доминира нафтениот сектор, кој традиционално придонесува околу 95% девизна заработка на Ирак. Недостатокот од развој на другите сектори резултирал со стапка на 18-30% невработеност. Вработеноста во јавниот сектор сочинува вкупно 60% од сите вработени на полно работно време во 2011 година. Нафтената индустрија, која доминира со ирачката економија, вработува релативно мал број на работници. Пред окупацијата од страна на Америка, во Ирак бил застапен системот на централно планирање на економијата со забрана на странска сопственост над ирачките економски субјекти. Во еден таков економски систем, поголемиот дел на индустриските претпријатија бил во сопственост на државата, а на оние кои биле за странска употреба им биле наменети високи тарифи.
И покрај тоа што залихите на нафта имаат огромно светско значење, Ирак е една од најсиромашните држави на блискиот исток. Причини за повеќегодишната криза и сиромаштија се војните штети од ирачко-иранската војна 1980–88 (околу 35 милијарди американски долари), штетата од војната со САД и со нивните сојузници по ирачката окупација на Кувајт во 1991 година (околу 60 милијарди американски долари), како и штети од останати санкции.
Главни земјоделски производи се оризот, ’рж, пченица, домат и памук. Во сточарството во најголема мера се одгледуваат овци и живина.
Најголемиот дел од производите се во државна сопственост. Во 2001 година вредноста на извозот била 15 милијарди американски долари, а вредноста на увозот околу 12 милијарди американски долари. Главни трговски партнери на Ирак се Русија, Франција, Египет и Кина.
Службени јазици во оваа држава се арапскиот и курдскиот јазик. Околу 75% од населението го зборува арапскиот јазик, додека пак курдскиот јазик го зборуваат само 20%. Во употреба се уште и туркменскиот јазик (дијалект на турскиот јазик), асирскиот и ерменскиот јазик. Исто така од западните јазици најмногу се зборува англискиот јазик. Курдскиот јазик најмногу се зборува на северот на земјата. Ерменскиот јазик најмногу се зборува од останатиот дел на хрисијанското население.
Арамејскиот и јужноазерскиот се регионални јазици. Ерменскиот и персискиот јазик се застапени, но во споредба со другите јазици во помала мера. Поголемиот дел од ирачките курди ги зборуваат и курдскиот и арапскиот јазик. Туркмените го зборуваат азери јазикот, асирците зборуваат на различни ерменски дијалекти. Според уставот на Ирак сите граѓани имаат право на образование на мајчин јазик.