Стравот од нов карантин и затворање е голем: Целосен хаос – граѓаните ги испразнија маркетите: Чудна е ситуацијата во Пекинг









Кина денеска пријави 32 695 случаи на заразени со коронавирус, не сметајќи ги увезените инфекции, што е рекорден број заразени со ковид, а во главниот град беше издадена наредба за изградба на центри за карантин и модуларни болници.




Жителите на главниот град на Кина, Пекинг, почнаа да ги празнат супермаркетите и да прават нарачки на апликациите за достава бидејќи градските власти наредија забрзана изградба на монтажни центри за карантин и модуларни болници поради рекордниот број на новозаразени со ковид-19.




Неизвесноста за евентуалниот карантин, барем во некои квартови во Пекинг предизвикаа зголемена побарувачка за храна и други производи, какви што со месеци не се видени во главниот град, пренесуваат тамошните медиуми.




На голем дел од жителите веќе им е наредено да не ги напуштаат населбите, од кои некои се и оградени. На влезовите чувари во бели одела ги запираат луѓето без дозвола за движење и проверуваат дали го пријавиле влезот во населбата преку мобилна апликација.




Градските власти во Пекинг, пак, на новинарите не им потврдиле дали ќе има карантин или не, туку посочиле дека е потребно за да се зајакне управувањето со центрите за карантин и модуларните болници каде полицијата ги носи граѓаните кои ќе добијат позитивен тест или оние кои биле во близок контакт со позитивно лице.




Кина денеска пријави 32 695 случаи на заразени со коронавирус, не сметајќи ги увезените инфекции, што е рекорден број заразени со ковид. Од нив, Пекинг пријавил 424 симптоматски и 1 436 асимптоматски.

error: Content is protected !!