Како ли мислеле да го сокријат: Македонци украле трактор









ОВР Битола во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен, ОВР Прилеп и ПО Ропотово на 24 и 25.11.2022 лишија од слобода три лица Е.С.(38) од Битола, И.Н.(48)од Прилеп и А.А.(46) од с.Лажани, општина Долнени, поради основи на сомнение дека на 27.04.2022 во с.Подмочани, ресенско, во дворно место украле трактор ИМТ, сопственост на лице од Ресен.




Како што информираат од МВР, тракторот е пронајден и ќе биде вратен на сопственикот, а против приведените ќе биде поднесена кривична пријава.

Побегна затворeник од штипска Ортопедија




– Затвореник од Затвор-Штип утринава во 1.30 часот побегнал од одделот за ортопедија и трауматологија во Клиничка болница-Штип. Бегството на 48 годишниот осуденик за МИА го потврдува директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.




-Станува збор за 48 годишен пациент на кого требало денеска да му се извади шраф од кукот, во 1.30 часот се јавил дека ќе излезе на воздухот, но пациентот по лифтот излегол од зградата и му се губи трагот, вели Шуманска.




Директорот на Затвор-Штип, Тодоров вели дека станува збор за осуденик кој е повратник,а за издржување на затворската казна има уште една година и пет месеца. За двајцата затворски службеници кои требале да го чуваат во болницата ќе биде покрената дисциплинска постапка и најверојатно ќе бидат суспендирани се до решавањето на дисциплинската постапка.

Му дошол на гости, па му го украл паричникот на домаќинот!

Маж од кавадаречко Возарци, на возраст од 26 години пред два дена извршил кражба, и тоа од пријател, во време додека бил на гости кај него.




Д.И. бил во домот на својот 46-годишен пријател во Возарци во средата навечер. Додека домаќинот не гледал, тој успеал да му го одземе паричникот во кој имало 65.000 денари и лични документи.




Вчера во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со гостинот- крадец, а украдените документи, како и дел од парите биле пронајдени и вратени кај сопственикот.

Од СВР Велес информираат дека против Д.И. ќе следи соодветна пријава, по целосно документирање на случајот.

error: Content is protected !!