Само една чаша јогурт на ден е доволна за да бидеме здрави и полни со енергија.
Порано во едно село во Грузија имало многу жители со над 100 години кои како тајна на долгиот живот го посочуваат јогуртот.
Богат е со калиум, фосфор, цинк, рибофлавин, протеини и Б12.
Исто така има и добри бактерии кои му помагаат на телото.
Затоа, секој ден пијте една чаша јогурт и со оваа евтина намирница подобрете си го здравјето и продолжете си го животот.
Погледнете подолу кои се придобивките од јогуртот:
1. Јогурт полесно се вари во организмот од млеко.
2. Јогурт е богат извор на калциум, придонесува за подобро здравје на дебелото црево а воедно и го штити од рак.
3. Јогурт ја подобрува биорасположивоста на другите хранливи материи. Култивираниот јогурт ја зголемува апсорпцијата на калциум и Б- витамини. Додека пак млечната киселина во јогуртот помага во варењето, со што калциумт од млекото полесно се апсорбира.
4. Јогурт може да го зголеми имунитетот. Истражувачите проучувале 68 луѓе кои пиеле по две чаши јогурт дневно, при што утврдиле дека за три месеци овие лица произвеле повисоко ниво на интерферон кој го зголемува имунитетот. Бактериски култури во јогурт , исто така, стимулираат борба против инфекции на белите крвни клетки во крвотокот. Некои студии покажале бактериските култури во југуртот содржат фактор кој има анти- тумор ефекти кај експерименталните животни .
6. Јогурт може да ги намали габичните инфекции.
7. Јогурт е богат извор на калциум. Во 30 мл јогурт од прилика има 450 мг. на калциум, а тоа е една половина од RDA на детето и 30 до 40 отсто RDA на возрасните .
8. Јогурт е одличен извор на протеини. Јогуртот содржи околу 10-14 грама протеини во 30мл , која изнесува до дваесет проценти од дневната доза протеини кои луѓето треба да ги внесат. Всушност, 30 гр на јогурт кој содржи живи и активни култури, содржи 20 проценти повеќе протеини отколку во истиот обем на млеко ( 10 грама наспроти 8 грама ). Покрај тоа што е богат извор на протеини, култивирањето на млечните протеини за време на ферментација прави овие протеини полесно да се варат.
9. Јогурт може да го намали холестеролот . Постојат неколку студии кои покажаа дека јогуртот може да го намали холестеролот во крвта. Ова може да биде така бидејќи живите култури во јогурт асимилираат холестерол или поради тоа што јогурт врзува жолчни киселини , (кои исто така се покажаа за намалување на холестеролот ), или и двете.
10. Јогурт е храна која го помага растот на децата .Две хранливи својства на јогуртот може да им помогнат на децата кои се со заостанат раст: полесно примање на протеини и фактот дека млечна киселина во јогурт ја зголемува апсорпцијата на минерали. Па дури и повеќето пребирливи деца ќе јадат јогурт во сосови и пијалаци.
Повеќе за СЕЛО:
Селата се помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физиономија, функција, демографска структура на населението и нивното значење. Селото може да биде споено или надворешно и има население (денес 100 и повеќе жители). Околното подрачје што му припаѓа на самото село се нарекува атар.
Селските населби во Македонија се такви населени места во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство. Во Македонија има вкупно 1.645 села.
Според настанувањето и развојот, селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на нашите села, главно, се одделуваат четири фази:
Претцрковна фаза, кога не постоеле села во вистинската смисла на зборот, туку тоа биле одделни куќи, расфрлани по имотите ;
Црковна фаза, кога започнува групирањето на куќите во села, при што центар биле црквите ;
Феудална фаза, кога селата се граделе на крупните поседи на феудалците, како на пример чифлигарските села ;
Катастарска фаза, кога селата ја добиле денешната физиономија, со свое име, атар и територија на протегање, односно катастар со кој биле одредени сите карактеристики на селото.
Во Македонија, селата можат да се поделат на мали, средни и големи.
Мали села се оние во кои живеат од 1 до 300 жители. Во Македонија има вкупно 961 вакво село, односно 58,4% од сите села.
Средни села се оние во кои живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија има 337, т.е. 20,5% од сите села.
Големи села се оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Македонија има 347 вакви села (21,1% од сите).
Според микроположбата, во Македонија има рамничарски, ридски и планински села.
Селото како тема во книжевноста
Селото како тема во народната книжевност
„Си поминав низ село“ – македонска народна песна.
„Селаните сакале да ги продадат коњите па ги продале жените“ – полска народна приказна.
„За еден селанец кој имал злобна жена“ – полска народна приказна.
„Селанецот и оџата“ – македонска народна приказна.
„Селанецот што го надитрил аптекарот“ – македонска народна приказна.
„Селанецот, волкот и јагнето“ – македонска народна приказна.
Селото како тема во книжевноста
„Село“ – песна на рускиот поет Генадиј Ајги од 1986 година.
„Последните селани“ — роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски.
„Селска хроника“ – песна на Никола Јонков Вапцаров.
„Селото Степанчиково“ (руски: Село Степанчиково и его обитатели) – роман на рускиот писател Фјодор Достоевски од 1859 година.
„По селото“ – песна на рускиот поет Михаил Исаковски.
„Село зад седумте јасени“ – роман на македонскиот писател Славко Јаневски од 1952 година.
„Селани“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.
„Селска сиромаштија“ — песна на Јован Котески.
„Мртво село“ — песна на Јован Котески.
„На село“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.
„Сабота в село“ (италијански: Il sabato del villaggio) – песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829 година.
„Село“ (Pueblo) – песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.
„Приказни од моето село“ — книга на македонскиот писател Ванчо Николески.
„Гостин од село“ – расказ на македонската писателка Оливера Николова.
„Село“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.
„Селска мака“ – песна на македонскиот поет Кочо Рацин.
„Кучешкото село“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.
Селото како тема во музиката
„Село“ (англиски: The Village) — песна на британската поп-рок група „Њу Ордер“ (New Order) од 1983 година.
„Селски живот“ (англиски: Country Life) — албум на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1974 година.
„Во наше село“ — песна на македонската етно група „Synthesis“.
„Селанец во големи гомна“ (англиски: Peasant In The Big Shitty) — песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1977 година.
„Селска песна“ (англиски: Country Song) — песна на британската поп-рок група „Хепи мандис“ (Happy Mondays) од 1988 година.