Струја 1.300, а цела сметка 3.600 – Никола сподели сметка од ЕВН и ја остави цела Македонија без збор

Никола Марковски сподели сметка од ЕВН, со која буквално ја остави цела држава во ШОК.

Вакво нешто не можете да замислите ниту во најлошиот сон. Имате потрошено струја за 1.300 денари, но сметката е 3.600 денари.

Зошто, прочитајте и погледнете во продолжение!

Скопјанец на својот ФБ профил реагира за сметката за струја што ја добил, при што надоместокот за пренос е поголем од сумата што треба да ја плати за потрошена електрична енергија:

Надомест за потрошена електрична енергија 1.388,61 денари

Надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија 1936,33 денари

ДДВ 5% -> 166,25 денари

Комунална такса за јавно осветлување 184,00 денари

Фактура 3675,00 денари.

Има да ве седнеме и вас и сите што учествуваа у продажбата на електрична столица и сметката ќе ја испорачаме на вашите деца и внуци , крв ви јебем дал сте нормални.

Утре идам да барам кирија за сите кабли по проаѓаат низ мој двор или сечам бандера

П.С.: Зошто плаќаме јавно осветлување кога тоа го плаќа општината дали Град Скопје дали Општината во која живееме?

Веста ја пренесоа и други македонски медиуми.

Денес пак, ЕВН конечно влезе во Арачиново.

ЕВН влезе во Арачиново. Неколку дена по решавањето на проблемот со струјата, екипи на електродистрибуција почнаа со работа со цел мрежата да функционира согласно сите правила и да се плаќа електричната енергија. Од ЕВН велат – ветувањето дека нивните вработени ќе работат непречено е исполнето.

„Во првата фаза се прави инспекција на мрежата по што ќе следи реконструкција за подобрување на снабдувањето и отстранување на дефектите кои беа резултат на нелегалните приклучувања. Според планот на реализација, реконструкцијата би требало да трае со месеци па дури и повеќе од година дена. Целосната реализација на планот значи снабдување без прекини и речиси без дефекти за жителите на Арачиново“, стои во соопштението.

Ист ваков модел ќе се примени и во останатите градови кои министерот Бектеши ги посочи дека се соочуваат со кражба на струја. Меѓу нив и Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево.

Како и дали ќе се наплаќаат кражбите на струја, засега не се знае. Според податоците на ЕВН, загубите на струја само во Арачиново годишно не чинат 6 милиони евра. На ниво на држава, пак, загубите се 100 милиони евра.

Инаку, според измените на Кривичниот законик во 2012 за „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, се предвидува казна до 5 години затвор како и парични казни од 5000 до 20 000 евра.

Бектеши: Ќе се постапува во сите општини каде има загуба на струја

Општина Арачиново ќе биде една од општините што ќе биде позитивен пример и за другите општини, дека навистина елементарните прашања како што е снабдувањето со електрична енергија, но и обврските што ги имаме како граѓани, ќе се одвиваат на фер и непристрасен начин, не дискриминирајќи никого, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој, во денешната емисија ClickPlus на ТВ21, рече дека истовремено обврска на институциите, почнувајќи од локалната до централната власт е да создадат основни услови за сите жители и да побараат од жителите да си ги исполнат обврските.

– За Општина Арачиново со години се зборува, штета што во XXI век зборуваме за средства кои ги издвојува Владата, за општина која континуирано е дискриминирана. Ние нема да застанеме тука, ќе одвоиме дополнителни средства за Општина Арачиново, за изградба на канализација, водовод и слично, рече Бектеши.

Тој истакна дека во Општина Арачиново со 80% загуба на електрична енергија врз основа на податоците на ЕВН, направената штета е од 5 до 6 милиони евра, што е меѓу 10% од вкупната штета.

– Во моментов загубите на електрична енергија на државно ниво се близу 100 милиони евра по сегашни цени, додека во Општина Арачиново со 80% загуба на електрична енергија врз основа на податоците на ЕВН, направената штета е од 5 до 6 милиони евра што е меѓу 10% од вкупната штета, рече Бектеши.

Тој посочи дека со промената на моделот за наплата на електрична енергија или со воспоставување на блок тарифи, граѓаните мора да ги видат своите броила во моментот кога ги добиваат сметките за електрична енергија, доколку тие не одговараат на количината на потрошена електрична енергија, веднаш може да поднесат преставка до ЕВН и во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) кои се надлежни.

– Со последните измени на законите кај нас, злоупотребата на електрична енергија е кривично дело и обврска на државните институции е да не дозволуваат злоупотреба на електричната енергија бидејќи на ЕВН им се прифаќат загубите на електрична енергија во мрежата при формирањето на цената на струјата од страна на РКЕ, затоа институциите не треба да дозволуваат да се злоупотребува струјата до овој степен, бидејќи тоа влијае на цената на енергијата за секој граѓанин и секоја општина. Секој потрошувач на струја има исти обврски, истакна Бектеши.

Министерот изјави дека регионот и сите земји во светот ги очекува тешка зима, но надлежните институции во земјава ги прават потребните подготовки за што полесно да се справат со оваа криза.

– На глобално ниво нè очекува тешка зима, ЕУ е многу зависна од снабдувањето со природен гас од Русија, покрај цената на природниот гас, се предупредува дека може да дојде до целосно исклучување на соодветните земји, како е случајот со Република Бугарија, има термоелектрани кои работат со природен гас, кои произведуваат и електрична и топлинска енергија како што се случи во градот Скопје со ТЕ-ТО кој го снабдува со топлинска енергија, но паралелно произведува и електрична енергија од 200 MGW/h, но ние правиме соодветни подготовки, ги зголемивме локалните производствени капацитети, разговараме со соседите за да не се прекине снабдувањето со електрична енергија или да нема пречки во преносната мрежа или познати како интерконекторите, посочи Бектеши.

Во однос на најавените мерки кои ќе почнат да се спроведуваат од 1 септември, Бектеши рече дека и намалувањето на потрошувачката за 15% помага во справувањето со енергетската криза. Обврска да штедат имаат централните институции, а секој раководител на институцијата месечно ќе одговара пред Владата за заштедите за претходниот месец.

Тој изјави и дека за разлика од многу земји-членки на ЕУ, „кај нас не очекуваме рестрикции ниту во текот на зимата, со оглед на тоа што ќе ги исполниме потребите на домаќинствата и микро компаниите со локално производство“.

МИЛОШОСКИ: Бектеши релативизира, Арачиново е со 0,7 отсто население во МК, а краде 10 отсто од струјата

Додека министерот за економија го релативизира крадењето струја, граѓаните плаќаат поскапо, а многу фирми се мислат дали да стават клуч на врата!

Владата на Ковачевски и Бектеши е досега убедливо најлошата влада без сериозен план и стратегија за економијата и енергетиката!

И замислете колку многу се краде струја кога Арачиново со 0,7% од населението во Македонија (12.000 жители), според признанието на министерот Бектеши, краде 10% од државната струја која потоа, преку повисоки сметки ја плаќаат сите други граѓани и фирми!

error: Content is protected !!