Скопјанка навредена: Внук и се вратил од школo и ѝ рекол: „Дек си ма тето“ – ќе разбере и директорката









Твитер е мрежно место во сопственост и управуванa од страна на Twitter Inc, која нуди услуга за друштвено вмрежување и микроблогирање, овозможувајќи им на своите корисници да праќаат пораки – наречени „твитови“.




Мрежата е отворена до тој степен, што секој може да создаде своја сметка односно профил, а неопходно е да има само 18 години, иако и многу помлади луѓе го користат. Се потпишувате под различен „никнејм“ и може да пишувате што сакате.




Па така, една скопјанка направи твит, после кој брзо стана позната, но не по нешто позитивно, барем кај поголемиот дел од јавноста, таа беше критикувана. Еве за што се работи.




–Внук ми (7) прваче, вчера во школо го седнале до некое девојче од јужна Македонија. Го зимам денес и во сред школски двор ми се дере „Дек си ма тето?!!“ Нека се спреми утре учителката за сериозен разговор со мене, ако треба и директорката ќе биде вмешана, пишува скопјанката која е навредена.




На сето ова добива и дополнителна поддршка од друг профил:

-Одма да го отпишете со време. Префрлање во друго школо без провинцијалци е лекот само.




-Нека ги седнат во задњи клупи тие со дијалект па нека си зборат до утре меѓу себе.. не вака

-Тешко на детето, малце ако поднаучи некој провинцијалски сленг толку после му влага во потсвеста и тешко да се одвикне. И ние со внуката имавме исти проблеми еве до денес ни меша по малце тетовски, битолски и велешки. Реагирајте што побрзо!

error: Content is protected !!