До нашата редакција се обрати млад студент, кој видно револтиран побара да го објавиме неговиот текст поврзан со хаосот во главниот град Скопје, кој се случи ова утро.
-Ви благодарам за шансата да објавам нешто од кое сум крајно револтиран. Студент сум на Економскиот факултет во Скопје, прва година. Доаѓам од друг град, поради што живеам и во студентски дом.
Во текот на изминатата недела речиси и око не склопив, во тек е колоквиумска недела, па како некој што прв пат оди на полагање на факултет, сакав да поминам добро и пред се да ги израдувам моите родители.
Денес требаше да завршам со полагање, го имав последниот колоквиум, поради што имав други планови. Моите родители денес земаа слободен ден од работа, за да дојдат во Скопје. Рано утринава тие тргнаа, планот беше да завршам со полагање, кое беше од 10 часот, а потоа заедно сите да продолжиме на ручек, прошетка, а потоа да се вратиме назад во нашиот град.
Ноќта што измина воопшто не спиев, учев, иако беше тешко, одлучив до крај да се изборам. Доаѓа време да заминам на полагање, се подготвувам и само добивам порака:
-Денешното полагање се откажува поради протестите кај „Мавровка“, истото се одлага за сабота.
И крај, никој ништо не може да каже. Ви уриваат милион планови, се што сте сакале да направите. Зарем не можеа порано да кажат? Сега моите родители направија трошок без потреба. Воопшто и нема да се видиме, затоа што морам да се вратам и да продолжам да учам.
Многу сум револтиран, бесен сум. Не сакам воопшто ниту да учам. Низ глава ми доаѓаат милион планови. Да си заминам дома и да не одам на полагање. Да го откажам факултетот?!
Каква е оваа држава, во која ништо не се знае, секој си прави што сака и страдаат најмладите. После ова, сериозно веќе размислувам да одам во Германија, да земам работна виза од шест месеци, а потоа и година и повеќе да не се вратам во оваа држава во обид.