(ВИДЕО) Многу ниско: Меси го брише подот со дрес од Мексико – набрзо доби и закани









Ѕвездата на Аргентина и на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, не преговара за трансфер во американскиот клуб Интер Мајами, објави портпаролот на фудбалерот Марсело Мендеш. Вчера британското издание „Тајмс“ објави дека седумкратниот освојувач на „Златната топка“ е се поблиску до изненадувачки трансфер во клубот на Дејвид Бекам и од следната сезона ќе игра во МЛС – лигата на САД.

35-годишниот фудбалер мометно е во Катар со селекцијата на Аргентина во остварување на својот сон да стане светски шампион.




„Ова не е вистина, лажни вести. Нема преговори Лионел да премине во Интер Мајами“, изјави Мендеш за „Си-Ен-Ен“.

Според различни извори, главни фаворити за потписот на Меси, чиј договор со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, се Барселона и Интер Мајами. И парижаните се решени да направат се за да ја задржат големата ѕвезда на светскиот фудбал.








Светското првенство Аргентина го започна со пораз од Саудиска Арабија, сепак Аргентиците се вратија со победа во второто коло против Мексико кога блесна Лионел Меси.




Меси со својот втор гол на Мундијалот го отвори резултатот во второто полувреме, а во финишот Енцо Фернандез постигна прекрасен гол за конечните 2:0. Секако по триумфот на Аргентина следуваше големо слајве и еуфорија, а во таа еуфорија се појави и видео поради кое Меси се најде на удар на критики.




На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како Меси прво го гази, а потоа и го шутира дресот на Мексико. За многумина е ова е непочитување какво што не смее да се покажува, а се огласи познатиот мексикански боксер Канело Алварез.

error: Content is protected !!