Напишал навредлив коментар на платформата Фејсубк – полиција веднаш му тропна на врата









Внимавајте што пишувате на социјалните мрежи.

Напишал навредлив коментар на фејсбук – полиција му тропна на врата.




СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(58) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.




Тој, на 03.08.2022, по објавен текст на портал поставен на социјалната мрежа Фејсбук постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза против одредена група граѓани.




Извадок на дел од дневни настани 28.11.2022

На 27.11.2022 во 22.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




На 27.11.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.Б.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.11.2022 во 13.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.К.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.11.2022 во 16.20 часот во с.Петровец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(31) од Струга затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.11.2022 во 22.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Џ.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.11.2022 во 12.45 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Б.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.11.2022 од 11.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле преземени 170 мерки (ТЕ-97 и ГВ-73). При контролата биле откриени и санкционирани 97 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-51 и ГВ-46), од кои 2 возачи (ТЕ) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час од дозволеното, 31 возач (ТЕ-12 и ГВ-19) до 70 километри на час и така натаму. При контролата, исто така, санкционирани се и 73 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-42 и ГВ-31) во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и зависно од големината на пречекорувањето, ќе се соочат со предвидените парични глоби. Во акцијата биле санкционирани и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-1).

error: Content is protected !!