Вакво нешто до сега не се случило на Светско првенство.
За прв пат ваква глетка имаме во Катар, каде се одржува најскапиот Мундијал во историјата.
За разлика од претходните два натпревари денес каде што гледавме возбудлив и драматичен фудбал, во третиот дуел од програмата Бразил и Швајцарија скоро ништо да не направија после 45 минути.
Двете селекции одиграа „досадни“ први 45 минути, а колку ништо не се случуваше покажува и тоа што најинтересен момент беше пред крајот на првиот дел кога на стадионот на кратко снема струја.
Проблемот беше брзо решен, па натпреварот продолжи така што Бразил изведе корнер. Бразил и Швајцарија имаат по три бода од првото коло, па сега играат максимално претпазливо не секајќи да изгубат.
Еве како изгледаше: