Апасиев сподели ФОТО: Оштетен му е автомобилот – кажа и каде било направено тоа





Фотографијата е на крајот од текстот.




Димитар Апасиев — македонски политичар и правник, универзитетски професор и претседател на македонската политичка партија Левица.

На парламентарните избори во 2020 година е избран за пратеник во македонското Собрание откако неговата партија за првпат освоила две пратенички места, воедно придружуван од Борислав Крмов.




Апасиев е роден на 22 септември 1983 година во тогашен Титов Велес, СФР Југославија.

Апасиев дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при најстариот прворангиран македонски Државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, отсек: Правни студии, потпрограма: Римско право. Неговата магистерска теза носи наслов „Јавноправни институти на Римското право реципирани во денешните правни системи“; а докторската дисертација, „IUDICIA PUBLICA – Римското кривично процесно право (со посебен осврт на правосудниот систем во времето на Републиката)“. Неговиот континуиран просечен успех постигнат на прв, втор и трет циклус студии е 10.00 (десет) – без ниту еден преполаган испит во текот на школувањето.




Пред неколку моменти, на социјалните мрежи сподели фотографија од неговата Алфа, која е изгребана, а притоа додаде:




Ми ја изгребал Алфата на СОБРАНИСКИОТ ПАРКИНГ и си отишол!?

Ете, така заврши еден прекрасен пратенички ден.




#ПаркинготДаГоВратитеТаљате

error: Content is protected !!