Родители од Балканот ја малтретирале 14-годишната ќерка во Италија, за пари била ветена на постар маж









Италијанската полиција уапси брачна двојка од Босна и Херцеговина, родители на 14-годишно девојче кое било принудувано да проси.

Девојчето било принудено да проси пред локалните продавници, а тие не и давале храна и потоа ја затворале во куќата.




Откриено е и дека девојката за пари биле ветена на постар маж, иако таа јасно го одбила тоа.




На крајот, таа во солзи дошла сама во полициската станица и упатила тешки обвиненија против 41-годишниот татко и 36-годишната мајка, пишува италијанскиот „Secolo d’Italia“.




Таа сега е сместена во безбедна куќа, каде што е под надзор и заштита на полицијата и персоналот.




Полицијата проверува дали и нејзините браќа биле изложени на малтретирање.

error: Content is protected !!