ХАОС во Србија: Играат Црвена Звезда и Партизан – натпреварот е во прекин, се бара празнење на дел од трибините









Доволно е само да се споменат имињата на Црвена Звезда и Партизан и се ќе ви биде јасно. Овие два тима се големи ривали, кои буквално секогаш кога играат, има тензии и секогаш е неизвесно до крај.




Сето тоа се случуваше и вечерва, во натпревар од 9-то коло.




Натпреварот од 9. коло во АБА лигата помеѓу Црвена звезда и Партизан беше прекинат откако судиите на крајот од првата четвртина заминаа во соблекувалната.




Публиката во салата „Александар Николиќ“ го преполни теренот со цврсти предмети, а откако претходно неколку пати судиите предупредуваа дека мечот ќе биде прекинат, конечно го направија тоа.




Кошаркарите на двете екипи се на теренот и повторно се загреваат, а судиите најавија дека дуелот ќе продолжи кога дел од трибините ќе се испразнат.

error: Content is protected !!