(ВИДЕО) Tајните на кардиохирургот за долг живот: Има 104 години во пензија отишол со 95 и подвижен е како момче

Прославениот кардиохирург Елсворт Верхам неодамна наполнил 104 години, а по скали „поттрчнува“, ја средува градината, не користи ниту бастун при одење… Во животот минал се и сешто, вклучувајќи ја и Втората светска војна во која учествувал и работел како лекар, а својата професија отсекогаш ја сакал.

-Го знаете она кога луѓето ќе кажат дека имаат животен повик? Јас чувствувам дека за мене тоа е лекарскиот. Тоа никогаш не сум го доведувал во прашање, рекол во интервју за Fox News.

Токму неговата професија го натерала реално и од блиску да ги согледа сите последици од лошите животни навики, бидејќи како прославен хирург многу пати видел срце, крвни садови и плуча уништени со храна, пушење, недоволно количество сон и премалку движење.

ште пред повеќе од 60 години Елсворт одлучил да ја промени исхраната и на своето тело да му подари здрави продукти.

Со оглед на тоа дека месото се сметало за храна богата со важни состојки, тој одлучил тоа лично да го испита и да се увери. Спровел истражување и дошол до заклучок дека протеините од животинските масти од емсото го зголемуваат нивото на холестерол, па негова одлука било да премине на вегетаријанска и веганска исхрана.

Исто така, тој секој ден спие од 8 до 9 часа, а се буди во 5 наутро. Елсворт верува дека за него е најдобро да јаде двапати дневно, а за појадок се задолжителни интегрални житарки со бадемово млеко.

Остатокот од денот овој почитуван доктор со минува со семејството и вежба така што ја средува градината, ја коси тревата ги средува ружите и декорира грмушките.

Благодарение на таквиот стил на живот Елсворт престанал да прави операции дури во 74 година, дури две години подоцна отколку што наложува законот, а до својата 95 година предавал на Универзитет и бил ментор на помлади доктори во текот на големи операции, а кога требало и помагал.

И денес не му е потребна туѓа помош, се’ прави сам без проблеми, и по 10 часови дневно работи во градината, без проблеми се качува по скали, дури не се потпира ниту на бастун.

Пензионерските денови ги минува во друштво на 14 години помладата сопруга Барбара која ја запознал во дамнешната 1948 година во болница каде што работел акко шеф на хирургија, а таа била на пракса за медицинска сестра.

„Кога еднаш излегов со него, младите мажи повеќе не ме привлекуваа“, признава Барбара која имала 21 година кога го запознала Елсворт.

Од бракот долг 60. години имаат пет деца, четири сина и една ќерка, како и осум внучиња.

Кардиологија – гранка на медицината која се занимава со нарушувања на срцето, како и на некои делови од циркулаторниот систем. Областа вклучува медицинска дијагностика и третман на вродени срцеви мани, коронарна артериска болест, срцева слабост, валвуларно срцево заболување и електрофизиологија. Лекарите кои се специјализирани во оваа област на медицина се нарекуваат кардиолози, специјалност интерна медицина. Педијатриски кардиолози се педијатри кои специјализирале кардиологија. Лекарите кои се специјализирани за кардиохирургија се нарекуваат кардиотракални хирурзи или кардиохирурзи, специјалност општа хирургија.

Иако кардиоваскуларниот систем е неразделно поврзан со крвта, кардиологијата е релативно неповрзана со хематологијата и нејзините болести. Некои очигледни исклучоци кои влијаат на функцијата на срцето би биле тестовите на крвта (нарушувања на електролити, тропонини), намален капацитет за пренос на кислород (анемија, хиповолемичен шок) и коагулопатија.

Д-р Жан Митрев – еден од најпознатите македонски кардиохирурзи. Основач, сопственик и менаџер е на Специјалната болница „Филип Втори“.

Основно и средно училиште завршува во Штип, а од 1979 студира на универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје. Дипломира во 1985 година.[1]

Во 1983 бил на пракса на медицинскиот универзитет “Реина Софија” во Кордоба, Шпанија. Од 1985 до 1988 се вработил како лекар во одделот за итна служба и на одделението за општа хирургија во регионалната болница во Штип. Од 1988 до 1990 специјализирал (лекар асистент) на клиниката за кардиохирургија „РЕБРО“ на Медицинскиот универзитет во Загреб, каде во периодот 11.89 – 11.90: е на Магистратура на Медицински универзитет во Загреб. Тема: „Влијание на оперативната техника во хирушкото лекување на акутниот микарден инфаркт”.

Хипертензијата, позната и како „висок крвен притисок“, е долгорочна медицинска состојба во која крвниот притисок во артериите е постојано покачен. Високиот крвен притисок обично не предизвикува никакви симптоми. Сепак, долгорочниот висок крвен притисок е главен фактор на ризик за коронарна артериска болест, мозочен удар, срцева слабост, периферна васкуларна болест, губење на видот и хронична бубрежна болест.

Факторите на животниот стил можат да го зголемат ризикот од хипертензија. Тие вклучуваат вишок сол во исхраната, вишок телесна тежина, пушење и алкохол. Хипертензијата може да биде предизвикана и од други болести или несакани ефекти на лековите.

Крвниот притисок се изразува со две мерења, систолен и дијастолен притисок, кои го претставуваат максималниот и минималниот притисок, соодветно. Нормалниот крвен притисок во мирување е во опсег од 100-140 милиметри жива (mmHg) систолен и 60-90 mmHg дијастолен. Високиот крвен притисок е присутен ако крвниот притисок во мирување е постојано на или над 140/90 mmHg за повеќето возрасни лица. За деца важат различни бројки. Се чини дека 24-часовното амбулантско следење на крвниот притисок е попрецизно од најдоброто канцелариско мерење крвен притисок.

Промените во животниот стил и лековите може да го намалат крвниот притисок и да го намалат ризикот од здравствени компликации. Промените во животниот стил вклучуваат губење на тежината, намален внес на сол, физички вежби и здрава исхрана. Доколку промените во животниот стил не се доволни, се користат лекови за крвен притисок. До три лекови можат да го контролираат крвниот притисок кај 90% од луѓето. Третманот на умерен до тежок висок артериски крвен притисок (дефиниран како >160/100 mmHg) со лекови е поврзан со зголемен животен век и намален морбидитет. Ефектот на лекувањето на крвниот притисок помеѓу 140/90 mmHg и 160/100 mmHg е помалку јасен, со некои прегледи кои пронајдоа корист, и на други немаат докази за корист. Високиот крвен притисок влијае помеѓу 16 и 37% од светската популација. Во 2010 година, се веруваше дека хипертензијата е фактор за 18% (9,4 милиони) од смртните случаи.

Секундарната хипертензија е тип на хипертензија која е предизвикана од идентификувана секундарна причина. Тоа е многу поретко од есенцијалната хипертензија, а зафаќа само 5% од хипертензивните пациенти. Постојат многу различни причини, вклучувајќи ендокрини заболувања, бубрежни заболувања и тумори. Тоа може да биде и несакан ефект на многу лекови.

Компликациите на хипертензијата се клинички исходи кои произлегуваат од постојаното покачување на крвниот притисок. Хипертензијата е фактор на ризик за сите клинички манифестации на атеросклероза, бидејќи таа е фактор на ризик за самата атеросклероза.

error: Content is protected !!