Скапата струја го направи своето, мора да се ШТЕДИ: Се затвораат стадиони, библиотеки, театри, базени во познатата европска држава Унгарија









Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата, пренесува AFP.




Новите стадиони, симболи на моќта на десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт 12 години, се последните во долгата листа на градби кои повеќе не можат да се носат со поскапувањето на енергијата.




Секешфехервар, еден од најбогатите градови во Унгарија, управуван од членови на партијата на Орбан, е еден од многуте што ги затворија своите музеи, библиотеки и театри за зимата. Градоначалникот Андраш Чер-Палковиќ најави дека новиот стадион, кој може да прими 14.000 гледачи, ќе биде затворен овој месец поради заштеда на трошоци.




„Јавните простори се она што го прави градот. Никој не е среќен поради овие мерки, но луѓето прифаќаат дека тие се неопходни“, изјави за AFP Чер-Палковиќ, член на владејачката партија на Орбан, Фидес.

error: Content is protected !!