Рускиот милијардер Вичеслав Таран (53) загина во хеликоптерска несреќа во Швајцарија под мистериозни околности. Британските таблоиди наведуваат дека непосредно пред инцидентот се случиле две работи кои го направиле овој случај сомнителен.
Несреќата се случила на југоистокот на Франција кај селото Елзе, откако хеликоптерот во кој се наоѓал Таран полетал од Лозана.
Според британските таблоиди , кои ј се повикуваат на локалните медиуми од Монако, во хеликоптерот требало да патува уште еден засега неименуван патник, но тој во последен момент откажал да се качи на кобниот лет.
Друга работа што предизвикува сомнеж е фактот дека неговиот хеликоптер се урнал во услови на добри и мирнин временски услови.
Во несреќата загинал и францускиот пилот, кој управувал со леталото.
Заменик-јавниот обвинител во Ница го посети местото на несреќата и изјави дека засега не може да ја исклучи вината од „трето лице“, вмешано во уривањето на хеликотперот
Инаку, Таран е основач на трговската и инвестициската платформа Либертек и Форекс Клуб, а според некои информации бил близок до руските разузнавачки служби.
Повеќето шпекулации укажуваат и дека тој наводно имал врски со странските разузнавачки служби кои оперираат во Русија. Ова како и сомнежот дека зад уривањето на хеликоптерот е вмешано трето лице, засега е само во сферата на шпекулациите.