ВОНРЕДНО обраќање на Жан Митрев Клиника – Ги оставија сите БЕЗ ЗБОР

ПОТЕГ ЗА КОЈ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДАВА АПЛАУЗ. СЕКОЈА ЧЕСТ

Хуманоста на прво место. Браво, ова не смее да се заборави.

На социјалните мрежи денес се појави апел, за помош на малиот Вили од Штип, од страната Штипска Идила:

Ајде Идилаши да докажеме колку сме хумани…

На 14 годишното момче Вили сме му ногу потребни.

По тешката сообраќајна несреќа има тешки повреди на главата и моментално е у Жан Митрев.

Ги замолувам јавно сопствениците на сите угостителски објекти кафичи кафани дискотеки да постават кутии за донации.

Ги замолувам сите пријатели познаници од дијаспората секој на свој начин колку може и како може да помогни детето да го спасиме.

Ова е бројот на мајката на момчето Валерија Илијова, 076 315 106 секој што сака да помогни ве молам жената да ја контактира лично.

Споделете ве молам да бидеме брзи ефикасни како и секогаш, пишуваше во објавата во која се бара помош, а брзо потоа се огласија од Жан Митрев Клиник:

-Клиниката Жан Митрев целосно ќе го покрие лекувањето на малиот Вили од Штип.

Лекувањето во клиниката на 14 годишниот Вили Илјов од Штип ќе биде целосно покриено. Со оглед на состојбата на семејството и апелите за помош на социјалните медиуми, Клиниката Жан Митрев одлучи целосно да го покрие лекувањето и престојот во нашата установа и да помогне на малиот Вили.

14 годишниот штипјанец е донесен во многу тешка состојба, во кома со инфекции и декубити, откако повеќе од месец дена бил лечен во друга здравствена установа каде се обидувале да санираат тешки повреди на главата здобиени по страшна сообраќајна несреќа, стои во објавата на Клиника „Жан Митрев“.

Клиничката болница Жан Митрев, на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје. Официјално, болницата беше отворена на 1 март 2000 година, а медицинското стартување е одбележано со првата бај-пас операција во Република Македонија, водена од академик д-р Жан Митрев. Токму на тој 1 март 2000 почнува да се пишува историјата во македонското здравство, новата ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.

Две години подоцна, односно во 2002 година е направена и првата операција на отворено срце врз буден пациент.

Интересот за оваа установа почнува секојдневно да расте, а со тоа потребата од нови услови за работа. Потребите за згрижување на пациентите иницираат уште едно реновирање, а стариот оддел, истата оваа 2002 година, е заменет со модерен и современ оддел. Веќе следната година стартуваат третманите на вродени срцеви заболувања. Успешно е поставен првиот АСН occluder, и тоа на преткоморен дефект кај 4-годишно момче. Во 2008 година стартува со работа новиот, софистициран дијагностички центар кој стана еден од водечките центри во регионот, со работно време 24/7.

Десетгодишнината од основањето на болницата, 2010 година, беше одбележана со бројка од 10 000 операции. Денес, Клиничката болница Жан Митрев, не само кај нас, туку и во регионот е препознатлива како софистициран, современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќето медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега.

Успешната приказна не завршува тука, напротив. Научните достигнувања низ годините носеа и соодветни звања и награди. Така, во 2002 година, д-р Митрев беше промовиран за Академик на плато. Активностите на тимот на д-р Жан Митрев се промовираа и презентираа на повеќе светски конгреси, од каде се враќаа како добитници на бројни награди и признанија. Од многубројните признанија добиени овде и во странство би ја издвоиле престижната наградата од EUROPE BUSINESS ASSEMBLY и Сократ комитетот, од областа на здравството, „Најдобар здравствен менаџер и најдобра болница“.

Успешната приказна добива нова димензија со одбележувањето на 16-та годишнина од формирањето кога е отворен новиот објект кој е со пет пати поголем капацитет и го носи името Клиничка болница Жан Митрев. Изграден е според највисоки стандарди, со уникатен ентериер, врвна медицинска опрема, комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух и максимална комфорност на пациентите, вработените и посетителите. Потврда за успешното работење е престижната награда за најдобар менаџер и болница со најдобар квалитет на здравствени услуги, која му припадна на академик д-р Жан Митрев, во конкуренција со здравствени центри од Европа и Блискиот Исток.

Клиничката болница Жан Митрев, во октомври 2017 година, го доби и златниот печат за квалитет и безбедност од Joint Commision International и со тоа стана првата болница, која за неполна година, влезе во семејството на најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет. Високите стандарди според кои функционира болницата беа потврдени и со JCI реакредитацијата во октомври 2020 година.

Во април 2018 година Клиничката болница Жан Митрев, ја доби државната акредитација за квалитет од страна на агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

Мисија

Да придонесеме за подобрување на здравјето на нашите пациенти и зголемување на нивното задоволство преку обезбедување на најдобра грижа за секој пациент преку врвни здравствени услуги, постојана едукација и примена на најсовремени методи во целокупниот процес на работа.

Визија

ЦЕНТАР НА ИЗВОНРЕДНОСТ

Национален и регионален лидер во понудата на врвни здравствени услуги и беспрекорна нега, секогаш прв избор на пациентите и нивен партнер од доверба.

Вредности

ДОВЕРБА, ПОСВЕТЕНОСТ, ЕКСПЕРТИЗА, ИНОВАТИВНОСТ, ИНТЕГРИТЕТ

Пациентот е во центарот на нашето внимание. Дијагностиката, лекувањето и грижата за него е суштината на сите наши активности. Таа продолжува и по напуштањето на клиниката од страна на пациентот. Градиме партнерства со пациетите и тоа е наша и нивна најголема придобивка, која ја оддржуваме и унапредуваме во континуитет, затоа што решавањето на здравствените предизвици се наша цел.

Услови за користење

1. Со користење на услугите на www.zmc.mk, се признаваат и прифаќаат условите за користење на веб страната. Жан Митрев Клиника (“Клиникатa”) го задржува правото во секое време да ги измени овие услови.

2. Клиниката ќе се стреми да ја обезбеди услугата достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Неизбежните прекини, особено оние што се однесуваат на сервисирање и одржување, доколку е можно, ќе бидат објавени на веб страната на Клиниката. Клиниката го задржува правото во секое време да промени, ограничи или укине одделни делови од услугата.

3. За да се користи услугата за електронски плаќања, корисникот е должен да се регистрира со вистинити и точни податоци. Корисникот ја користи услугата на сопствена одговорност. Клиниката не презема одговорност за можните штети кои корисникот на услугата евентуално би ги претрпел за време на користењето на услугата или поради недостапност на услугата во одредени периоди.

4. Како предуслов за употреба на веб страната, Вие се согласувате дека: имате најмалку 18 години; сте во можност да направите правна обврска; нема да се обидете да вршите било какво дејство врз веб страната за преземање на информации од истата; Вашето користење на веб страната во секое време ќе биде во согласност со овие Услови за користење; ќе правите легитимни закажувања за здравствени услуги и плаќање на истите; ќе оставате точни информации за Вас на било кое барано место на веб страната; ќе ги променувате податоците за Вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време.

5. За електронското плаќање на услугите на Клиниката преку веб страната www.zmc.mk, корисникот ги внесува основните податоци за себе.

error: Content is protected !!