Влаховиќ не е повреден, наводно е на клупа затоа што водел љубов со сопруга на соиграч – ХАОС во репрезентацијата на Србија









Многумина се прашуваат зошто Душан Влаховиќ не е стандарден во составот на српската репрезентација на СП во Катар. Селекторот Драган Стојковиќ Пикси вели дека Влаховиќ е повреден, но медиумите од Србија тврдат дека тоа не е вистинската причина.




Откако претходно медиумите од нашиот северен сосед пренесоа дека има конфликт меѓу селекторот и првата ѕвезда, сега излегуваат нови детали околу целата сапуница.




Наводно, пред шампионатот Влаховиќ имал романтична врска со сопругата на голманот на репрезентацијата Предраг Рајковиќ. Нешто што ја дополнува оваа информација е фактот дека Рајковиќ беше стандарден на голот на репрезентацијата во текот на квалификациите и Лигата на нации, а на шампионатот него на голот го замени Вања Милинковиќ Савиќ. Србите шпекулираат дека токму поради целата ситуација Пикси се одлучил додека не се реши проблемот и двајцата играчи да бидат надвор од тимот.




Голем скандал ја тресе фудбалската репрезентација на Србија, откако медиумите од оваа земја излегоа со информација дека првата ѕвезда на репрезентацијата Душан Влаховиќ не игра на Мундијалот во Катар поради тоа што бил во романтична врска со сопругата на соиграчот Предраг Рајковиќ.




Сопругата на Предраг, Ана стигна во Катар како би ги демантирала сите овие објави. Таа се огласи по целата ситуација поврзана со целиот скандал…




„Луѓето тука многу си даваат за право да шират лаги и дезинформации или да се потсмеваат. И како сме откриле трач на животот. Додека жената со своето дете последните месеци ги поминува во болница и води важна битка. Срам да ви биде“, објави новинарка која е блиска до Ана.

„Преживеавме и полоши работи верувале или не. Им благодарам на сите новинари кои ме почитуваа и не објавија ништо за здравствената состојба на Тадија и останатите луѓе кои мислат дека е најдобро да се нападне ранет лав. Благодарам“, одговори Ана на коментарот на новинарката и така им се обрати на сите во врска со новонастанатата ситуација.

error: Content is protected !!