Претепан помошникот министер за транспорт и врски -Капетан на пристаништа на РМ: Заврши на КАРИЛ

Синоќа околу 19 часот на Булевар „Туристичка“ во Охрид ,физички бил нападнат помошникот министер за транспорт и врски -Капетан на пристаништа на РМ Устијаноски Горан, дознава „ohridsky.com“.

Како што дознава редакцијата Охридскај, Устијаноски најнапред добил телефонски повик и кога слегол пред зградата од неговиот дом добил неколку боксови по неговото лице.

Според извори на Охридскај во нападот на Капетан Устијаноски Горан учествувале наводно две лица, при што Устијаноски се здобил со тешки телесни повреди во пределот на лицето и со возило на ИМП Охрид бил префрлен на клиниката Карил во Скопје.

Настанот во СВР Охрид бил пријавен од страна на лекар ИМП Охрид, додека како што дознаваме Устијаноски се уште нема дадено изјава пред плоциски службеници и ако било од негова страна најавено дека изјава ќе дадел во СВР Охрид денес!

Како што брифира извор на Охридскај од охридската полиција, Устијаноски не кажувал кој го напданал и дека лицата не ги познава, а нејасно е како на непознат телефонски број истиот замила на средба со нив!

Извадок на дел од дневни настани 29.08.2022

Вчера (28 август) во 16 часот и 45 минути, во гостиварска Топлица, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 25-годишниот И.Ч. од Тетово за издржување на затворска казна, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово.

Денеска (29 август) од 04 до 07 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои под дејство на алкохол управуваат возила што вршат јавен превоз на патници. При контролата откриени и санкционирани се 2 возачи (ТЕ-1 и ГВ-1), кои веднаш биле исклучени од сообраќај, на кои времено им се одземени возачките дозволи и им се изготвени законски предвидените поднесоци.Санкционирани, исто така, се и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-1), во кои биле инволвирани возачи на автобуси, комбиња, товарни и такси возила.

На 28.08.2022 во 18.25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево кај место викано “Сланечки дол“ патничко моторно возило “голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Г.Ц.(37) од Виница, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Денеска (29.08.2022) во 10.20 часот во с.Синѓелиќ-скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.В.(49) од с.Сингелиќ. За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од пет години за сторени кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.

Во текот на вчерашниот ден (28.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 502 возачи. Од нив 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 263 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 239 надвор од населено место.

На 28.08.2022 во 21.15 часот било пријавено дека во Велес на крстосницата од ул.“Алексо Демниевски“, ул.“Вардарска“ и ул.“Наум Наумовски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл “пијаџо беверли“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(43) од Велес и патничко моторно возило “шевролет круз“ со германски национални ознаки, управувано од Д.Н.(49) од Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

На 28.08.2022 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.П.(23) од Прилеп. При преглед кај него на ул.„Карпалак“, во близина на железничката станица, пронајдена и одземена е марихуана. По документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.

На 29.08.2022 околу 02.15 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Г.Ж.(41) од Р.Србија, Д.П.(37) и Т.Т.(40) двајцата од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршена контрола на автомобил управуван од Т.Т, кај истиот е пронајден и одземен кокаин. Лицата се приведени во полициската станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28 август) околу 21 часот и 30 минути, во тетовско Горно Орашје, го лишиле од слобода 28-годишниот В.Х. од ова тетовско село, затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана.Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 28.08.2022 во 11.00 часот било пријавено дека во с.Русиново-беровско патничко моторно возило “сузуки свифт“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од с.Русиново излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С. констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.

На 28.08.2022 во СВР Куманово било пријавено дека во 12.30 часот, на пат помеѓу с.Пчиња и с.Студена бара, настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на М.Т. (27) од Скопје. Од пожарот била зафатена и сува трева, дворно место и куќа сопственост на Л.Г.. Противпожарна бригада Куманово го изгаснала пожарот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Б. (36) од с.Смојмирово, Берово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 23/24.06.2022 пријавениот пуштил во оптек две фалсификувани банкноти, во вредност од по 100 американски долари, со исти сериски број, притоа давајќи ги во замена за 10.000 македонски денари на В.В. од Берово, кој откако се обидел да ги замени во банка во Берово, било утврдено дека банкнотите се фалсификувани.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против M.Л. (33) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 07.08.2022 во Свети Николе во двор од куќа, по претходна расправија пријавената со нож се заканила дека ќе ја убие нејзината сосетка В. Ч..

error: Content is protected !!