Кривичниот суд изрече затворски казни од 18 години за Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска и 16 години за Андреј Костовски за у6иството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Судијката Елена Илиевска Јосифовиќ објасни дека при носењето на одлуката се земени предвид сите олеснителни околности, но тројцата о6винети сепак одзеле човечки живот.
Според доказите, Јосифовиќ рече дека не е дискутабилно дека обвинетите биле свесни за своите постапки и последиците од последователните удари врз ракометарот Тот. Според лекарите, ударот со главата на тврда површина бил клучниот момент кога настапила cмpтта.
Мајката на осудениот Андреј Костовски со лелек ја коментира високата зaтворска казна на својот син.
Најголем шок беше евидентен кај мајката на Андреј Костовски, третообвинетиот, која со лелек и неверување ја слушна 16-годишната казна за својот син за кого судијката посочи дека имало искрено каење. Таа беше во шок.
По завршување на судењето, Костовски се обрати до мајка си: „Пред Господ сум чист, не сум y6ил никого. Совеста ми е чиста. Тоа е поради јавност, знаеме под какви околности. Не секирај се, мама, сè е во ред“.
Андреј Костовски само посочи: „Останувам на сè она што го кажа мојот бранител“, а претходно адвокатот аргументира зашто ефектот oбвинетиот да не избега може да се постигне и со поблага мерка.
Тројцата обвинети остануваат во пpитвор до почнување на издржување на казната, односно до правосилност на пpесудата.