Пред десетина денови требаше да слави роденден: Братот на Тот со емотивна порака – ќе ве расплака









Денес се изрекоа затворските казни на тројцата обвинети за убиството на Денис Тот, а поради тоа тие се во центарот на вниманието.

Сите обвинети добија вкупно 52 години затвор. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот.




Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.




Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината на казната, но и од основот поради кои се осудени, а тоа е кривичното дело убиство. Адвокатот Иле Танев, бранител на првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски, смета дека казната е драконска.

Пред десетина дена на прерано починатиот хрватски ракометар кој животот го загуби во Македонија му било роденден.




Преку фотографии на социјалните мрежи неговиот брат, Борис Тот се потсети на убавите времиња кои ги поминал со својот починат брат.




„Драг мој, денес е твојот роденден кој за жал не можеме да го прославиме. Секогаш беше и ќе бидеш мојот вечен пример и секој ден ми недостасуваш се повеќе и повеќе..




Те сака најмногу твојата желка и знај дека ќе продолжам да ги живеам нашите заеднички соништа и секоја победа, одбрана и успех ќе ја посветувам само и исклучиво на тебе. “, стои во неговиот пост на Фејсбук.




Еве ја објавата:

error: Content is protected !!