Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Аргентинецот Лионел Меси, деновиве е во центарот на вниманието на спортската јавност, но не поради голот за „гаучосите“, со кој го победија Мексико со 2:0, туку заради детаљ од соблекувалната. Имено, Меси по мечот го бришеше подот со мексикански дрес, а поради оваа постапка збесна боксерот Канело Алварез.
Дали го видовте Меси како го брише подот со нашиот дрес и знаме? Подобро да се моли на Бога да не го најдам. Навреда е да се фрли дресот на Мексико, напиша мексиканскиот боксер.
Набргу потоа се јави и легендарниот Мајк Тајсон.
Некој како Канело му се заканува на Меси. Ако се осмели да го допре Меси, ќе морам да се вратам во рингот за неколку години, истакна Тајсон.
Во рамките на групата Ц, клучниот натпревар за врвот се очекува да биде меѓу Полска и Мексико. Роберт Левандовски и Лионел Меси имаат амбиции да ги одведат своите селекции понатаму на Светското првенство.
За средбата во Доха, селекторите Михниевич и Скалони ги отворија картите. Прва ѕвезда во полскиот табор ќе биде секако Левандовски, а ќе има помош од Криховиак, Зиелински, Глик, Кеш, Шчезни… Од друга страна, аргентинскиот напад ќе го предводи Меси, кој ќе игра со Хулијан Алварез и Ди Марија.
Стартни состави за натпреварот меѓу Полска и Аргентина:
Полска (4-2-3-1): Шчезни;Кеш, Глик, Кивиор, Бережински; Биелик, Криховиак; Франковски, Свидерски, Зиелински; Левандовски.
Аргентина (4-3-3): Е. Мартинез; Акуња, Отаменди, ромеро, Молина; Мак Алистер, Фернандез, Де Пол; Меси, Ди Марија, Алварез.
Полјаците се лидери на табелата со четири бода и реми им е доволно да одат понатаму, додека Аргентинците мора да победат бидејќи имаат три, исто колку и Саудиска Арабија, а Мексико е последен со еден.