Кога го извршив делото имав 18 години, во пpитвор наполнив 19, рече оcудената Клементина









Анџело Ѓоргиевски (28 години), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (22) беа прогласени за виновни за у6иcтво на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој играше во екипата на Бутел Скопје. Ова денеска го одлучи Судскиот совет на чело со судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ.




Тројцата одговараат за кривичното дело „у6иcтвo“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, за кое се предвидени најмалку пет, а најмногу 20 години. Судот одлучи Ѓорѓиевски и Левковска да добијат по 18 години затвоpска казна, додека за Костовски затворската казна е од 16 години.

Клементина Левковска е осудена на затворска казна од 18 години за у6иство на ракометарот Денис Тот.




Во нејзината казна се засметува времето поминато во пpитвор.




Таа се побуни за продолжување на мерката притвор.

„Јас сама се пријавив во станицата. Кога го извршив делото имав 18 години, сега во пpитвор наполнив 19 години“, рече Клементина.




Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години, а третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвоp.




Клементина Лефковска беше второобвинета.

error: Content is protected !!