Фудбалското дерби во групата Ц меѓу Полска и Аргентина доби заплет во финишот на полувремето. „Гаучосите“ доминираа и беа апсолутно подобар тим на теренот во Доха, ама во финишот на полувремето добија спорен пенал.
По една нафрлена топка, голманот Војчех Шчесни беше прекраток и во пад со раката го удри Лионел Меси. По повик од ВАР собата, судијата Дани Макели покажа на 11 метри, што ги разлути полските фудбалери и фанови. Сепак, Шчесни ја потврди неверојатната форма и со парада го скроти ударот на Меси.
Голманот Војчех Шчесни игра во фантастична форма на овој Мундијал.
Вечерва против Аргентина по првите 45 минути имаше осум одбрани, а се вкупно на Мундијалот има 17 одбрани од кои и два одбранети пенали.
Претходно му фати пенал на Ал Давсари во победата од 2:0 над Саудиска Арабија, а вечерва со пантерски скок му одбрани пенал на Лео Меси.
I’m a messi fan but how is that a penalty. pic.twitter.com/QTEuvrYvfV
— ♠️ (@LFC_Talha) November 30, 2022