Шчесни искрен, а може да биде и казнет: Се обложив со Меси пред пеналот – загубив, ама парите не му ги давам









Полска успеа да се пласира во осминафиналето на Мундијалот во Катар, иако загуби од Аргентина во последното коло од групната фаза.




Во првото полувреме Војчех Шчесни го сочува голот, бранејќи му пенал на Лионел Меси. Судијата покажа на белата точка по еден полемичен момент меѓу полскиот голман и капитенот на аргентинската репрезентација.




„Се обложив со Меси во 100 евра дека судијата нема да досуди пенал. Не сум сигурен дали можам да го кажам тоа, можеби ќе бидам казнет, ​​но сега не ме интересира кога знам дека ќе продолжиме понатаму“, по натпреварот изјави Шчесни.




Актуелниот светски првак Франција ќе биде противникот на Полска во осминафиналната фаза.

Аргентина од врвот на групата влегува во разигрувањето за титула на Светското првенство во Катар откако славеше со 2-0 во натпреварот против Полска. Двата гола на „гаучосите“ беа постигна во второто полувреме, а Лео Меси пропушти шанса да ја доведе својата репрезентација во водство уште во првото полувреме откако промаши пенал во 39. минута.

Истиот многумина го оспорија, а еден од нив беше и Рио Фердинанд кој вели Аргентинецот добил срамен пенал…

„Пеналот над Меси? Срамна одлука. ВАР не е воведен за тоа. Тоа што судијата отиде да го гледа потегот, тоа е неверојатно. Па едвај го допре Меси“, вели Фердинанад кој работи како стручен консултант на Би-Би-Си.

error: Content is protected !!