Се смирија Сека Алексиќ и Драгана Мирковиќ, пејачките 12 години не се погледнуваа, а еве што зборуваа една за друга









Пејачката Драгана Мирковиќ после долго време молчење ги реши сите несогласувања кои ги имала со колешката Сека Алексиќ.

Тие две сега се сретнаа на снимањето на новогодишната програма кај Драгана, па насмеани позираа пред фотографите.




Сека и Драгана се изгубија откако се видоа, па потоа им пријде Радиша Трајковиќ Џани и ги гушна.




„Не беше до толку, ние само се налутивме, јас бев тврдоглава бидејќи не бев виновна, а Драгана од вчера тоа убаво го објасни, како што рече жената, така и беше. Кај мене годините си го направија своето и сметам дека вистината излегува на површина, јас сум пресреќна што сум денес овде. Тони ме покани, му реков дека ќе дојдам, среќна сум што сум дел од ова“, рече Сека Алексиќ.




„На нас секогаш ни беше забавно и убаво кога се гледавме. Морам да кажам, несогласувањата, смирувањето, не оди во оваа приказна, кога некој се расправа тогаш тоа „закопување“. Меѓу нас немаше ниту еден лош збор, тоа е просто приватно. Нас медиумите ни направија се, јас погрешив што им поверував, а таа на тоа се налути. Тоа паметно го направија, беше од секоја страна“, истакна Драгана.




Потсетуваме, Сека и Драгана не се слушнале 12 години, и тоа поради наводните „лоши зборови“ кои Сека ги кажала на сметка на Драгана. Таа откри дека и двете биле наивни.




„Го дозволивме тоа, бидејќи излеговме прилично наивни, некои новинари измислија приказна дека Сека за мене кажала лоши работи. Мене тоа ме заболе и им поверував на тие луѓе. И двете излеговме наивни. Јас повеќе, признавам. Кога се слушнавме, таа беше лута како воопшто сум можела да им поверувам во тоа и потоа едноставно замолчевме“, рече Драгана.

error: Content is protected !!