Тешка сообраќајна несреќа кај Охрид: Едно младо лице се бори за живот – тешко повредено









Вчера во 19.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од с.Елшани, охридско, излетало од коловозот.




Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.




Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти полицијата.

На 30.11.2022 во 22.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Ф.(52) од Куманово. Тој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.




На 30.11.2022 во 08.30 часот во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле Х.А.(30) од Гостивар за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.




На 30.11.2022 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.Л.(26) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.11.2022 во 15.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.А.(24) и О.Ј.(30), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека извршиле кражба на Железничката станица во Куманово, при што од контејнери на воз одзеле различни технички предмети. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.




На 01.12.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.М.(24) од Крива Паланка и А.А.(31) од Гостивар, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2022 во 02.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.А.(21) од Велес. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба од двор на ул.„Пајак планина“, сопственост на А.А.(55) од Велес, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.11.2022 во 22.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Д.(26) и Б.Ј.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.11.2022 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ѓ.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Content is protected !!