Фотографиите и текстот се преземени од Слободен Печат
Утрово без никаква најава е блокиран булеварот Кузман Јосифовски Питу кон Центар, што предизвика хаос на тој булевар, пишува Слободен Печат.
Екипата на „Слободен печат“ утрово успеа да го фотографира настанот.
Големи колони возила се насобраа, а граѓаните беа видно нервозни поради големиот метеж.
Во ниту едно од соопштенијата на надлежните институции не беше наведено дека во овој дел од градот ќе се асфалтира патот.
Иако за денеска беа најавени големи блокади на приватните превозници, некои од главните булевари беа изненадувачки празни.
ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број возила се забележува долж:
-мост Нова железничка станица кон ул. Никола Карев,
-ул. Беласица во насока на движење кон бул. Гоце Делчев,
-бул. Гоце Делчев кон ул. Беласица,
-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар,
-бул. Јане Сандански кон бул. К.Ј.Питу,
-ул. Симеон Кавракиров кон Центар,
-бул. Киро Глигоров кон Автокоманда,
-3та Македонска Бригада кон ул. Пролет,
-ул. 11 Октомври кон Центар,
-бул. Митрополит Теодосиј Гологанов кон Центар,
-бул. Свети Климент Охридски во двете насоки,
-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Водњанска.