28-годишен жител на скопското село Арачиново вчеравечер нападнал полицаец пред кафеана во скопската населба Бутел, соопшти полицијата.
„На 01.12.2022 во 21.40 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бутел, на ул.„Александар Урдаревски”, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(28) од с.Арачиново, скопско, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие. Другите две лица Д.Ш(24) и М.С.(22), двајцата од Скопје, што биле со него, исто така биле приведени во полициска станица затоа што одбиле да се легитимираат“, се вели во полициското соопштение.
По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.
И додека овој настан е вистинит, синоќа се појави еден, кој е лажен. За тоа се огласи и новинарот Фуркан Салиу.
За настанот во Арачиново и “вооружените групи” измислени од полицаец на режимот…
Вчера околу 18:45 од страна на ИП било сопрено едно возило кое било управувано од возач кој што не носел документи со себе. Им објаснил на полицајците дека има ургентен случај и пробал да тргне. Полицискиот службеник не дозволил да си замине пред да го легитимираат. Откако бил утврден идентитетот и утврдено дека таткото негов е лице со посебни потреби и дека навистина случајот е ургентен, лицето е ослободено.
Лицето не е ниту жител на Арачиново.
Полицаец кој што на некој начин под казна е во полициската станица Арачиново ги информирал порталите со своја верзија на настанот за да утре се пожали дека не се чуствува безбедно во Арачиново воопшто не размислувајќи за паниката и стравот што може да се рашири од информациите дека некоја вооружена група функционира во Арачиново.
Ова е случај за внатрешната контрола но и за обвинителството.