Шаќири ги налути Србите, примија гол, а потоа дадоа ДВА – нашиот северен сосед пред пласман во осминафиналето













Српската репрезентација брзо се врати во живот откако Џердан Шаќири им донесе водство на Швајцарците во 20. минута од средбата. Тоа како да беше момент кој ги налути Србите.




Потоа тие презедоа се во свои нозе, ја презедоа топката и започнаа да напаѓаат од сите можни страни.




Неколку минути им недостигаше, па Тадиќ го прогира Митровиќ кој со глава успеа да изедначи на 1:1 и да ја врати Србија во натпреварот.




Се играше 35-та минута кога Србија повторно направи супер шанса, топката пристигна до Влаховиќ, кој успеа да погоди. Душан Влаховиќ прв пат е стартер на Мундијалот, откако претходните две средби започнуваше од клупата.

error: Content is protected !!