Во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство во Катар, Србија беше поразена со 3:2 од Швајцарија, а целиот натпревар го одбележаа големи тензии меѓу фудбалерите.
Овие тензии се резултат на тоа што многу фудбалери се од Албанија или Косово, земји кои историски немаат добар однос со Србија, а тоа со години се прелева на фудбалските терени.
Бурно беше последниот пат кога се сретнаа овие две селекции, Џердан Шаќири и Гранит Џака славеа победа над Србија покажувајќи го со раце симболот на двоглавиот орел. Тој потег од пред осум години предизвика хаос на таа средба, а нешто слично се случи и денеска.
Фудбалерот од средниот ред на Швајцарија Џака влезе во расправија со српската клупа по падот на Митровиќ во шеснаесетникот на Швајцарија. Српската клупа сметаше дека судијата требаше да покаже на белата точка, а Џака влезе во расправија со Србите.
По неколку навреди од едната и од другата страна, Џака се фати за меѓуножјето и со тој гест целосно ги налути Србите. Неколку лица од српската клупа потоа влегоа на теренот, но Пикс и судиите заедно работеа да го спречат инцидентот.
No se entiende el gesto de Xhaka al banco serbio. pic.twitter.com/X4SVcLlpqY
— Nahuel Lanzón (@nahuelzn) December 2, 2022