Посакуваа финале, ама само Костарика прими повеќе голови од Србија во групната фаза на Мундијалот









Заврши натпреварувањето во групната фаза на Светското првенство во Катар.

Последните натпревари се одиграа во групата Г од која како првопласирана минува Бразил, а второпласирана Швајцарија.




Бразил веќе претходно обезбеди пласман во осминафиналето, а ниту поразот од Камерун со 1:0 не го лиши од првото место. Швајцарија го доби преминот со 3:2 победа над Србија.




Србија на тој начин ја заврши групата како последнопласирана со само еден освоен бод по три одиграни натпревари.

Кога се гледаат бодовите, само Канада и домаќинот Катар беа полоши во Катар, а подеднакво слаб учинок од по еден бод остварија Велс и Данска.




Сепак, она што многу негативно ја издвојува Србија на овој Мундијал е бројот на примени голови. Избраниците на Драган Стојковиќ примија осум гола на три натпревари.




Во текот на целиот турнир повеќе прими само Костарика, која прими дури 11 гола во групата со Јапонија, Шпанија и Германија.

error: Content is protected !!