Напаѓачот на „орлите“ Митровиќ: Целосна поддршка за селекторот Пикси









Напаѓачот на „орлите“ со свој став по елиминацијата на Србија во групната фаза од Светското првенство.

Србија загуби од Швајцарија со 3:2, претходно одигра реми со Гана 3:3, а во првото коло беа поразени од Бразил со 2:0. Србија ја има втората најлоша одбрана на овој Мундијал.




„Не верувам дека тренерот Драган Стојковиќ ќе го плати цехот. Нема причина за радикални одлуки или какви било промени. Селекторот создаде група, тим, добро не води и сето тоа се причини за да остане. Секако, со максимална поддршка од нацијата и од целата репрезентација“, изјави Митровиќ неполни 40 минути по напуштањето на теренот.




Претходно Митровиќ истакна:




„Зад нас е тежок натпревар, исто толку тежок ден за нашиот тим, луѓето… Очекувавме повеќе, ова е еден од најтешките порази во мојата кариера. Не знам што да кажам… Се чувствувам празно, сега треба посериозно да ги анализираме причините за неуспехот“.

Потоа даде одговор на некои прашања од новинарите.




„Во вториот дел моравме да играме многу подобро. Физички имавме доволно енергија, сепак… Направивме многу грешки, кои не се дозволени за оваа фаза од натпреварувањето. Не би се согласил дека бевме под квалификациското ниво, но Светското првенство бара многу повеќе. Тука лежи една од причините, ни останува посериозна анализа. Сега е тешко да се зборува“.




И конечно – јасна порака.

„Имавме одлична атмосфера, како ниедна генерација досега!

error: Content is protected !!