ФОТО: УЖАС во Македонија, со албански знамиња се слави победата на Швајцарија над Србија – настанала и ТЕПАЧКА

Фотографиите се на крајот од текстот.








Како што и се очекуваше натпреварот меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со неспортски работи, причина не е само важноста на дуелот, туку и историјата меѓу овие две земји. На минатото Светско првенство Србија и Швајцарија беа во иста група, тогаш Џака и Шаќири „летаа орли“ и го навлекоа гневот на Србија.




Инцидентите продолжија денеска, на тренот имаше се и сешто, а во спортскиот дел Србија не успеа да се одмазди, Швајцарија повторно оди понатаму. Кога Влаховиќ го даде голот, селекторот на Србија ги опцу Албанците во швајцарската репрезентација.




Во вториот дел Џака стапи на сцена. Во 65. минута се фати за меѓуножјето и го навлече гневот на цела српска клупа. Во судиското продолжение Џака го испровоцира Миленковиќ кој силно го оттурна, се создаде голема мешаница, Србинот помина само со жолт.




И како сето ова да не можеше да помине без Македонија, па и ние се вмешавме во целиот овој хаос.




Според информациите кои ги добивме, во Куманово група од околу 200 Албанци, низ улиците на градот со албански знамиња ја прославувале победата на Швајцарија над Србија.




Во овој неочекуван настан, за жал, според неофицијални информации настанала и тепачка, во која повеќе лица заработиле удари, при што реагирала полицијата.

Наскоро очекувајте повеќе информации и фотографии од лице место.

error: Content is protected !!