Џака: Имаше многу емоции, но сепак одигравме фер-натпревар

Швајцарија ја совлада Србија со 3-2 (2-2) и се пласира во осминафиналето, за сметка на српските звезди на Драган Стојковиќ. Вториот дел донесе многу искри на теренот, посебно меѓу Гранит Џака и српските фудбалери на теренот и на клупата.

Гранит Џака пред новинарите не сакаше да навлегува во детали, зошто влезе во конфликти со српските фудбалери. Швајцарскиот репрезентативец ја испушти топката и на коректен начин стави точка на шпекулациите.

„Ова беше натпревар со многу емоции, но тоа е дел од фудбалот. Беше фер дуел, се фокусиравме на фудбалот и направивме голем чекор со пласманот во осминафиналето. Горди сме на постигнатото.

Задоволен сум, како и целиот тим, стручниот штаб. Знаевме дека нашиот ривал има квалитети, упати многу топки кон Митровиќ и Влаховиќ, но одигравме одлично. Нашиот селектор добро го подготви натпреварот и заслужено победивме“, изјави Џака.

error: Content is protected !!