И тоа се случи: Ноќеска украдено болничко возило од болницата во Кочани – ова се деталите









На социјалните мрежи и медиумите во Македонија, секој ден се појавуваат нови вести, после кои следуваат коментарот од тимот „готово е – го допревме дното“. Но, со секој нов ден, тоа дно само продолжува да се продлабочува, прашањето е дали и има крај?




Оваа информација наиде на сеир, но и на крајна загриженост. Што е следно, прашуваат граѓаните.

И тоа се случи: Ноќеска украдено болничко возило од болницата во Кочани




Според неофицијални но добро упатени извори, ноќеска од кругот на Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Кочани е украдено едно возило на брзата медицинска помош, марка „Тојота“, објави порталот „Актуелности“.




Вработен од болницата вели дека полицијата извршила увид во здравствената установа, со цел да им се влезе во трага на дрските крадци. Се работи за возило кое Општа болница го доби како донација.




Оваа несекојдневна кражба се случува како продолжение на зачестените кражби на трактори, автомобили и комбиња по кочанските села, кои исчезнуваат на чудесен начин, без да бидат откриени, односно пронајдени, пишува порталот „Актуелности“.

error: Content is protected !!