ФОТО и текст: СДК.мк
По кој пат веќе?!
Не е прв, ниту втор. Ова е трет пат како камион пропаѓа во фонтаната!
Ќе има ли крај?
Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје. Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје, пренесе СДК.мк
Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.
Ова е трет пат да пропаѓа камион на Плоштад.
Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.
Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на Комунална хигиена.
После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отврорен и заграден со лента за да не минуваат пешаци.
Повеќе за убавиот плоштад Македонија:
Плоштад „Македонија“ — главниот плоштад[1] на градот Скопје, престолнината на Македонија. Изграден е во периодот помеѓу 1920 и 1940 година. Урбанистички, на него се наоѓале поголем број значајни објекти како: Народната банка со мермерни фасади, монументалниот Офицерски дом, Ристиќевата палата, Палатата „Мазура“ итн.
Плоштадот немал име сè до влегувањето на Македонија во ФНРЈ, кога плоштадот го добива името „Маршал Тито“. Првин, тоа било проширен дел од улицата на десната страна од Стариот мост, која го поврзувала левиот дел на градот со првата железничка станица во Скопје, а кој служел и како пазар.
Денешниот плоштад е еден од трите концепирани плоштади на десната страна од реката Вардар со првите урбанистички проекти за модерно Скопје во почетокот на минатиот век. Трите плоштади биле структурно поврзани со улични мрежи, имитирајќи „необарокни“ или „париски“ елементи и теми по урнек на тогашните „урбанистички каталози“.
Замислата за „трилинг на плоштади“, како мрежно јадро во централната структура на градот со тек на времето е изменета, потоа и девастирана. До земјотресот во 1963 година плоштадот е дограден со два значајни објекта: Стоковната куќа и палата „Пелистер“. По земјотресот формално и содржински состојбата фатално е изменета и осиромашена.
Местото најчесто служи за одржување на голем број на културни, политички и други манифестации. Од овој плоштад била најавена независноста на Република Македонија од Југославија во 1991 година, од страна на тогашниот претседател Киро Глигоров.
Во 2003 година од Плоштадот Македонија била отстранета старата коцка, целосниот приод и изглед изменети, користејќи гранитни плочи и дел од старата коцка со цел да се долови дел од неговата историја. Почетниот дел на плоштадот е обележан со цветен круг кој треба во иднина да се трансформира во голема фонтана.
Во 2007 година, македонската влада најавила дека планира да се реконструира Офицерски дом, Скопското кале како и самиот плоштад, бидејќи скоро сите градби биле срушени по земјотресот во Скопје од 1963 година.
Општина Центар во 2011 го изградила и отвориласпоменикот на Александар Македонски наречен „Воин на коњ“ висок 22 метри во облик на фонтана.
Освен тоа најавени се и голем број на други споменици поврзани со историјата и културата на македонскиот народ. Покрај ова, на поштадот има споменици на разни дејци од македонската историја, споменик на Цар Самуил, итн.
5 дена ПИВОЛЕНД 2022: Повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, забава и среќно Скопје
Дали скопјани можат да испијат повеќе пиво од последното издание на Пиволенд во 2017 година? Скопјани како големи љубители на добра забава и квалитетно пиво, се подготвени да постават нов пивски рекорд на Пиволенд 2022. Оваа манифестација по пауза од 5 години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд.
На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“ и „Craft stage“. На „Main stage “ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.
Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.
„Мораме да споменеме дека овогодинешниот Пиволенд го враќаме во полн сјај. Подготвени сме да понудиме богата петдневна музичка програма со над 50 музички имиња од Македонија и Балкан, дегустација на повеќе од 100 видови на пиво и одлична храна која ќе ги задоволи сите вкусови и ќе го направи Скопје среќно и центар-место на пивото на Балканот. Оваа година со промената локација, за разлика од традиционалната локација на Скопското Кале, целата манифестација ќе биде организирана на Плоштад Македонија. Очекуваме голем број на посетители не само од Скопје, туку и од целиот регион.“ – велат организаторите на Пиволенд.
Пиволенд 2022 ќе трае 5 дена. Програмата започнува на 31.08.2022 (среда) и ќе трае до 04.09.2022 (недела), а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.
Атрактивните сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, големиот број на забавни активности и пеtте години пауза алудираат на нови рекорди на посетеност на Пиволенд и испиено пиво.
Премиерен настап на Пиволенд ќе има инклузивниот рок бенд ,,Сол Ночиво” во кој учество земаат млади од здружението ,,Во мојот свет” кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар. Овогодинешниот Пиволенд ќе биде и од општествен карактер. На штандовите на Плоштад ,,Македонија” посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 која би претставувала убав спомен од целата манифестација, а со секоја продадена маица се донираат 100 денари за здружението ,,Во мојот свет”.
„Дојди, Види, Испиј!“ – Пиволенд 2022
По неколку години пауза, оваа година се враќа скопскиот пивски фестивал „Пиволенд“. Овогодинешното издание ќе се одржи од 31-ви август до 4-ти септември на плоштадот „Македонија“. Програмата ќе трае пет дена на 2 сцени со повеќе од 50 артисти. И се разбира над 100 видови пиво. Влезот за сите фестивалски денови е бесплатен.
Организаторот досега потври десетина познати изведувачи од земјава. На главната бина ќе настапат: „Banda Entopica“ и „Фолтин“ (31.08), „ДНК“, Принц, Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ (01.09), „Ареа“, „Conquering Lion“ и „Funk Shui“ (02.09), Бени и „Нон Стоп“, „Shine“ (03.09) На craft бината ќе настапат: „Преку рид“ (31.08), „Последен удар“ и „In the mood“ (03.09), Лара Иванова (04.09).
Фестивалот последен пат се одржа во 2017 година на Скопско кале, кое беше традиционална локација за овој фестивал.