Фудабалерот на косовскиот прволигаш КФ Трепча 89 Ерион Кајтази (17) почина на теренот како последица на срцев удар.
Косовските медиуми објавија дека трагедијата се случила кога младиот тим на тој клуб играл против тимот на А&Н од Призрен. Кајтази колабираше на теренот на крајот од првото полувреме.
Клубот испрати порака преку Инстаграм.
„Денес на 17 години не напушти нашиот незаборавен Ерион Кајтази. Не можеме да најдеме зборови да ја опишеме тагата. Тој порасна со нас, играше во сите возрасни групи. Планиравме да се префрлиме во Европа во блиска иднина.
Ери, ќе останеш засекогаш во нашите мисли. Расположен, насмеан, близок со сите пријатели и нашиот клуб. Ќе те паметиме со голема болка и никогаш нема да те заборавиме. Целиот клуб КФ Трепча 89“, стои во текстот потпишан од претседателот на клубот Абедин Зека Беки.