Тој е човекот кој секогаш им помагаше на сите. Особено актуелен стана за време на корона вирусот, кога буквално одговараше на сите, дали преку социјални мрежи, преку мобилен телефон или во живо.
Професорот д-р Никола Пановски, јавно реагира дека огласите што се појавуваат на интернет и на социјалните мрежи, а во кои се вели дека тој промовира одредени производи се лажни.
Д-р Пановски истакнува дека реагирал до надлежните, но дека тоа не донело резултат.
Драги пријатели, една молба до сите вас! Ве молам споделувајте го овој пост со мојов текст кои следи:
АКО ВИДИТЕ РЕКЛАМА, ТЕКСТ, ФОТО, ИНТЕРВЈУ СО МЕНЕ НИКОЛА ПАНОВСКИ ЗА БИЛО КАКОВ ПРОИЗВОД, ЧАЈ, ЛЕК ИТН. ЗНАЈТЕ ДЕКА Е ЛАГА, НЕ КУПУВАЈТЕ ВЕ МОЛАМ!!!
Минаа 5 дена од кога реагирав овде со пост, на вести на Телма, Сител, откога пријавив во МВР, а нови реклами излегуваат секој ден.
Ве молам помогнете со тоа што ќе ја разоткриеме оваа лага и криминал, сите нека разберат, друг начин не знам.
СПОДЕЛЕТЕ!!! Ви благодарам, апелира д-р Пановски.