Лоши вести пристигнуваат утринава: Израелски авиони го нападнаа појасот Газа – има и жртви









Израелските воздухопловни сили утринава погодија неколку цели во Појасот Газа, откако неколку часа претходно беше истрелана ракета врз израелската погранична област, соопшти израелската армија.




Погодени се „клучното место за производство на ракети“ управувано од палестинската организација Хамас, која владее со Појасот Газа, и тунелот на Хамас во јужниот дел на крајбрежниот појас, соопшти израелската војска.




Нападот се случил откако палестинските милитанти во Појасот Газа истрелаа проектил кон израелската погранична област вчера вечер, за прв пат по еден месец. Израелската војска соопшти дека противракетната одбрана не е активирана и нема извештаи за жртви или материјална штета. Првично не било јасно кој е одговорен за нападот.




Неколку проектили биле лансирани кон Израел од Појасот Газа на почетокот на ноември. Двајца членови на милитантната палестинска организација Исламски џихад беа убиени во четвртокот вечерта во израелска воена операција на Западниот Брег. Исламскиот џихад е особено активен во Појасот Газа и често од таму изведува ракетни напади.




Ситуацијата на окупираниот Западен Брег е тензична со месеци. По серијата напади врз Израелците што започнаа во март, армијата спроведува почести рации во областа.




Според палестинското Министерство за здравство, оваа година се убиени 159 Палестинци во врска со воени операции, конфликти или самостојни напади. Во Израел и на Западниот Брег, оваа година во напади загинаа 31 цивил или припадници на безбедносните сили.

Извор: Канал 5

error: Content is protected !!