Си биле еднаш три дрва на едно брдо во една шума. Размислувале за своите надежи и соништа и првото стебло рекло:
„Еден ден, се надевам дека ќе станам ковчег за богатство. Можеби ќе бидам украсен со прекрасна резба и секој ќе може да ја види мојата убавина.“
Другото дрво рекло:
„Еден ден ќе бидам моќен брод. Ќе ги пренесувам кралиците и кралевите преку вода и ќе пловам до крајот на светот. Секој ќе се чувствува сигурен со мене поради силината на мојот труп.“
Третото дрво рекло:
„Јас сакам да пораснам и да бидам највисокото дрво во шумата. Луѓето ќе ме видат на врвот од брдото, ќе ги гледаат моите гранки и ќе мислат на небото и Бог. Јас ќе бидам најзначајното дрво на сите времиња и луѓето секогаш ќе се сеќаваат на мене.“
По неколку години молење за нивните соништа да се остварат, група дрвосечачи ќе дошле до нив. Едниот дошол до првото дрво и рекол: „Ова изгледа дека е силно дрво, мислам дека ќе му го продадам на еден трговец.“ И почнал да го сече дрвото. Дрвото било среќно затоа што знаело дека дрвосечачот ќе може од него да направи ковчег за богатство.
Вториот дрвосечач застанал кај второто стебло и рекол: „Ова дрво е огромно, ќе го продадам на бродоградилиште.“ Второто дрво било пресреќно затоа што знаело дека ќе заврши како моќен брод.
Кога третиот дрвосечач дошол до третото дрво, стеблото се уплашило, затоа што го биде исечено, соништата нема да му се исполнат.
Дрвосечачот рекол: „Мене не ми треба нешто посебно од дрвово, ама ќе го земам трупчето“. И го исекол целото дрво.
Кога првото дрво стигнало на ред за обработка, од него направиле јасли за хранење стока. Го ставиле во штала и го наполниле со сено. Тоа не било она за коешто се молел.
Второто дрво е изкористено за изградба на мало рибарско бротче. Така завршиле неговите соништа за моќниот брод кој пренесува кралеви.
Третото дрво било исечено на неколку големи парчиња и било оставено само во мракот. Прошле години и дрвата ги заборавиле своите соништа.
Еден ден, еден маж и неговата жена дошле во шталата. Жената се породила токму таму и го ставиле детето во јаслите кои биле направени од првото дрво. Човекот сакал да направи колевка за детето, но морал да се задоволи со јаслите. Дрвото ја видело убавината и необичноста на детето, ја почувствувало важноста на овој настан и претчувствувало дека во себе чува непроценливо богатство.
По многу години, група луѓе се качиле на рибарскиот брод направен од второто дрво. Еден од нив бил уморен и отишол да спие. Додека пловеле започнала огромна бура и дрвото видело дека не е доволно силно за да ги заштити луѓето. Луѓето го разбудиле човекот кој спиел. Тој станал и рекол: „Мир!“ и одеднаш бурата престанала. Тогаш дрвото сфатило дека тој го пренесувал кралот над кралевите.
Конечно, некој дошол и го земал третото дрво. Било носено низ улиците додека другите луѓе го исмејувале човекот кој го носел. Кога дошле до местото, човекот бил кренат во воздух и оставен да умре на врвот на брдото. Дрвото сфатило дека е доволно силно да стои на брдото и да биде во близина на Бог, затоа што Исус Христос бил разапнат на него.
Поуката од оваа приказна:
Кога работите не ви одат од рака, секогаш знајте дека Бог има план за вас. Ако му верувате, Тој ќе ви даде многу работи.
Секое стебло го добило тоа што го сакало, само не на начинот на кој тие го замислиле тоа. Ние не знаеме секогаш какви планови има Бог за нас. Знаеме само дека Неговите начини не се наши, но неговите патишта се секогаш најдобри.
Повеќе за Бог:
Бог — еден од поимите со кои се опишува совршено, натчовечко и натприродно битие, за коешто луѓето кои веруваат во него, исто така веруваат и дека е создавател на универзумот.
Некои религии кога говорат за Бог, него го опишуваат припишувајќи му и некои антропоморфни особини, додека други пак сметаат дека е невозможно и навредливо да се замислува Бог претставен во физичка форма. Некои сметаат дека Бог е олицетворение на целокупното добро, додека пак други сметаат дека Бог е нешто повеќе од обичните сфаќања за моралноста кои ги има човекот. Кај многу политеистички верувања постојат и полови разлики меѓу боговите, па така имаме и женски богови, т.е. божици. Речиси во сите сфаќања, човекот е претставен како понизен, потчинет и зависен од Богот.
Во некои митологии, боговите се претставени покрај како антропоморфни, како зооморфни (во вид на животно) или пак аморфни (без материјална форма). Претставата за изгледот на боговите е показател за развојот и видот на соодветната религија. Така, на пример, за религиите поврзани со тотемизмот, покарактеристични се зооморфните богови, а за анимистичките религии, боговите се антропоморфни.
Верувањето во еден Бог се нарекува монотеизам. Монотеистички религии се христијанството, јудаизмот и исламот. Христијаните го нарекуваат Бог, едноставно Бог или Господ, а муслиманите Алах. И едните и другите веруваат дека Бог, т.е. Алах е создател на светот и човекот. Верувањето во повеќе Богови се нарекува – политеизам. Во политеизмот сите богови и божици имаат свои, посебни важни функции. Постои и примотеизам. Примотеизмот всушност е политеистичка религија, со тоа што се зема еден Бог како врховен и особено важен за светот и за човечките битија, а останативе Богови се сметаат како помалку битни и потчинети на врховниот Бог.
Според Ерих Фром, Бог е историски условен поим во кој човекот го изразил своето доживување на сопствените повисоки сили, својот стремеж за вистина и единство, во определен историски период. Тој смета дека во современото капиталистичко општество, „бог е претворен во оддалечен генерален директор на претпријатието „Универзум“ за кого знаеме дека е таму и дека ја режира претставата (иако таа, веројатно, би се одвивала и без него), вие никогаш не го гледате, но го признавате неговото водство, додека го извршувате својот дел од работата.“ Во делото „Ecce Homo“, германскиот философ Фридрих Ниче вели дека Бог е „најголемиот приговор против животот“ и „дрзок одговор, еден неделикатес кон нас мислителите, – во основа дури само дрска забрана за нас: не мислете!“ Тој тврди дека поимот „Бог“ е измислен како „спротивен поим на животот“ и дека во него „сето штетно, отровно, отпадничко, сето смртно непријателство против животот е сведено во едно ужасно единство!“
Во есејот „За поетот“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека поетите се првите кои го објавиле Бога. Според него, идејата за божеството се појавила во својата големина само во уметноста: штом примитивниот човек почнал да создава, тој ја добил идејата за создавањето; а гледајќи се себе како творец на едно нешто, тој посакал да го осознае творецот на сите други нешта. Така, мерејќи ги своите дела со делата на непознатиот градител, човекот го добил поимот за семоќта и сезнаењето на Бог. Поетот е толкувач на божеството, зашто тоа е слика на човечкиот идеал, а поетот секогаш говори само за највисоките вредности. Оттука, според Дучиќ, ниту еден поет не е безбожен, туку поетот е религиозен, зашто поетите ја измислиле религијата. Затоа, дури и кога се сомнева, поетот верува.