На Британците им се смачи: Да се забрани Албанците да аплицираат за азил









Британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик изјави дека на Албанците треба да им се забрани да бараат азил во оваа земја бидејќи доаѓаат од безбедна земја.

Џенрик рече дека таквите луѓе треба да бидат „исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи тие доаѓаат од „докажано безбедна“ земја. Тој додаде дека сегашното ниво на миграција во Британија е „неодржливо“, пренесува Sky News.




Медиумите во Британија известуваат дека министерката за внатрешни работи Суела Браверман го повикала премиерот Риши Сунак да ги поддржи плановите за приведување на секој илегален мигрант по пристигнувањето во земјата.




Владата е под силен притисок од конзервативните пратеници да се справи со проблемот со трговците со луѓе кои користат мали чамци за да ги превезуваат мигрантите преку Каналот.

Албанците сочинуваат над една третина од 33.000 мигранти кои пристигнаа на тој начин во првите девет месеци од оваа година, рече Џенрик, додавајќи дека тие сега се „приоритет број еден“.




Минатата недела, Сунак ги одржа првите разговори со албанскиот премиер Еди Рама, на кои тие се согласија да ги затворат „дупките“ во спречувањето на брзото враќање на неуспешните баратели на азил.

Рама порача дека Велика Британија треба да престане да ги обвинува Албанците за мигрантската криза и да престане да ги користи албанските имигранти како изговор за неуспешните политики.




„Албанија е докажано безбедна земја. Многу е тешко да се види како Албанец може успешно да побара азил овде во Британија“, рече Џенрик.

„Имаме договор за враќање што беше потпишан пред една година, а илјада Албанци веќе се вратија. Гледаме што можеме да направиме таму. Ги следиме и дипломатските канали“, додаде тој.




Џенрик предупреди дека илегалната миграција веројатно ќе биде проблем „многу години што доаѓаат“ и рече дека министрите се согласиле дека целокупното ниво на луѓе кои влегуваат во земјата е превисоко.

error: Content is protected !!