Го претепале полицаецот и побегнале со возило со американски таблички – голема драма се случувало сараевска населба

Порталот „Аваз“ дознава дека бил нападнат сараевскиот полицаец Бенјамин Сијарчиќ, вработен во полициската станица во Стари Град.

Во сараевската населба Добриња, на улицата Рејхана Демирџиќа бр.2, синоќа се случила сообраќајна незгода, по што дошло до физичка пресметка.

„Аваз“ дознава дека бил нападнат сараевскиот полицаец Бенјамин Сијарчиќ, вработен во полициската станица во Стари Град.

Во полиција во Нови Град пријавил дека по сообраќајката на Добриња, од возилото излегле четворица мажи кои потоа го нападнале и побегнале во непознат правец.

Според информациите на „Аваз“ пријавил дека побегнале со возило со американски регистарски таблички.

Пренесуваат дека е започната потрага по возилото и лицата.

Се утврдува што точно се случило.

Повеќе за Сараево:

Сараево — главен град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар. Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град. Според прелиминарните податоци од пописот во 2013 година во Босна и Херцеговина, во Сараево живеат 275.524 жители., додека со околината, која вклучува дел од општината Илиџа, живеат вкупно 555,210 лица.

Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба[.

Низ градот тече реката Миљацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, каде се наоѓа популарното излетничко место Вруток на Босна. Градот е опкружен од Требевиќ, Јахорина, Бјелашница, Игман, Трескавица и Романија.

Градот Сараево е седиште на најголемата високообразовна институција во земјата, Универзитетот Сараево, како и голем број на други високообразовни институции, што го прави еден од најголемите универзитетски центри во целиот регион на Југоисточна Европа. Со неколку национални и градски театри, музеи и културни институции, Сараево е исто така значајно место на културната карта на овој дел од континентот.

Сараево е град со турбулентна историја, која честопати имала влијание на глобалните случувања. Така, во 1914 година во Сараево бил убиен австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд што довело до започнување на Првата светска војна. Седумдесет години подоцна, во 1984 година, во градот се одржале XIV Зимски олимписки игри. Во почетокот на 1990-тите години, името на градот Сараево било испишувано постојано од дневните весници во целиот свет, бидејќи во регионот се одвивала една од најголемите војни во најновата европска и светска историја.

Сараево се наоѓа во географскиот центар на Босна и Херцеговина и зафаќа површина од 142 км2. Сараево се наоѓа во Сараевската долина која се протега од исток кон запад, во плодното Сараевско Поле. Централните делови на градот се наоѓаат главно во низините на Сараевско Поле, најважните предградијата на градот се наоѓаат на падините на околните ридови и планини.

Најстарите делови на градот (Вратник, Бистрик, Хрид, Ковачи, Алифаковац) се наоѓаат на падините на околните ридови. Просечната надморска височина на Сараевската област е 500 метри. Најзападната точка на рамнината е на 18°16′ источна географска должина. Крајната источна точка е на 18°27′ источна географска должина, најсеверната е 43°53′ северна географска ширина и најјужната е 43°47′ северна географска ширина.

Центарот на градот Сараево се наоѓа на надморска височина од 511 метри, додека повисоките делови на градот и предградијата на падините на околните планини лежат на просечна надморска височина од 900 метри. Градот е опкружен со олимписките планини кои достигнуваат 2000 метри висина: Бјелашница, Јахорина, Игман, Трескавица и Требевиќ.

Миљацка е река која претежно се движи низ градот Сараево, од исток кон запад. Реката е долга 35,9 километри, а извира од неколку извори во подножјето на планината Романија и Јахорина. Реката Паланска Миљацка (12,9 км) извира од Пале, додека Мокрањска Миљацка извира во Кадино Село. На неколку километри источно од Сараево, во селото Довличи, овие две притоки се влеваат во реката Миљацка. Реката продолжува да тече кон запад во Сараево, каде што го продолжува своето патување до реката Босна во која се влева.

Во западниот дел на Сараевско Поле, на областа на населба Илиџа, извира една од најголемите реки во земјата која состои од повеќе мали островчиња поврзани со мостови преку бројните мали потоци и едно од најпознатите туристички места во околината на Сараево.

Освен реката Босна, Железница и Миљацка, други големи постојани потоци се Зујевина, Љубина, Мисоча, Ставња, Тилава, Добриња, Бела река, Црна река, Ракитница, Мошчаница итн.

Водопадот Скакавац, висок 98 метри, се наоѓа на 12 км од центарот на градот и е еден од природните ресурси на целата територија на Босна и Херцеговина.

Климата во Сараево е под силно влијание на континенталната клима. Просечната годишна температура изнесува 10,1 °C, додека просечните врнежи се 928 мм. Најтоплите месеци се јули и август, а најстуден месец е јануари. Најголемиот дождлив месец е јуни, а најмалиот февруари и август. Најниската измерена температура некогаш во градот изнесувала -26,8 °C (јануари) и максимална 40,0 °C (август). Најсушна година во Сараево била 2012 година, кога во градот паднале само 425 мм врнежи. Сараево има просек од околу 85 дена во годината со температури над 30 °C. Сончевите часови во градот годишно избесѕваа 1.769 часа.

Околината на Сараево била населена уште од раниот неолит. Од тоа време датира Бутмирската култура. Откритијата во Бутмир биле направени во денешното сараевско предградие Илиџа во 1893 година од страна на австроунгарските власти за време на изградбата на земјоделско училиште. Богатството на областа била привлечна за луѓето од неолитот, и самата населба била добро развиена. Во населбата била откриена уникатна керамика, преку која луѓето од Бутмир се карактеризираат преку ова како единствена култура која изработувала керамика од таков вид, како што е опишано на Меѓународниот конгрес на археолози и антрополози во Сараево во 1894 година.

Во регионот голем белег оставила и илирската култура. Илирите во регионот живееле околу реката Миљацка и по долината на Сараево. Во овој регион живеело племето Дезидијати, кое било последното илирско племе во Босна и Херцеговина кое се спротиставило на римската окупација. Нивниот пораз од римскиот цар Тибериј во 9 година го означува почетокот на римското владеење во регионот. Регионот околу денешно сараево припаѓало на римската провинција Далмација. Римската колонија Aquae Sulphurae се наоѓала на врвот на денешна Илиџа и претставувала најважна населба во регионот на тоа време. Регионот бил освоен од страна на Источните Готи, додека во VII век започнало населувањето на Словените.

Словените ја населиле областа во текот на VI и VII век. Во раниот среден век, Босна била составен дел на српската држава, кое било запишано и во е толку сведок во делата на византискиот цар Константин Порфирогенит.

Во текот на XII век, Босна се стекнала со регионална самоуправа предводена од нејзините банови. Во околината на денешно Сараево постоела парохија Врхбосн. Според традицијата, најстариот христијански храм во областа бил изграден во Вруток на Босна, а папските документи покажуваат дека во 1238 година била изградена катедралната црква на Свети Павле во Врхбосна. Денеска сè уште се дебатира дали Врхбосна се наоѓа на местото на денешно Сараево.

На почетокот на XV век, регионот се нашол под постојани напади на Османлиите, кои во периодот од 1429 до 1451 година ја освоиле Босна[21] и во 1463 година го основале Босанскиот санџак, додека на местото на Врхбосна бил изграден новиот град – Сараево.

error: Content is protected !!