Која е Маја Миа, охриѓанката која околу 10 години живееше на африканскиот континент. Никој не очекуваше дека денес ќе прочита вест за нејзината прерана cмpт. Не е познато од што починала, а тажната вест ја објави нејзиниот дечко Оми Димпоз.
Јанеска, заедно со бизнис претставници од Јужноафриканската Република, пред неколку денови престојуваше неколку дена во нашата земја, нејзината татковина, со цел воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Република Македонија и африканските земји.
При посетата на АУЕ-ФОН, таа пред студентите на Економскиот факултет одржа интересно и многу мотивирачко предавање од областа на претприемништвото, споделувајќи ги своите лични искуства со младите за тоа како да се успее во животот и да се постигнат своите цели.
На 19 години ја напуштила Македонија и прво се преселила во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди и да успее на африканско тло, за само 3 месеци го научила јазикот свахили, еден од 14-те официјални јазици во Африка. Јанеска течно зборува 7 јазици. Недолго откако пристигнала, таа започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна и во уметничкиот бизнис и стајлинг, каде што го отворила своето прво училиште за „make up“ како прво и единствено училиште од ваков вид во земјата. Освен познати личности од Африка, таа соработуваше и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан.
Подоцна таа продолжува да снима кратки едукативни видеа и го следи развојот на технологиите и социјалните мрежи, преку нејзините профили на Инстаграм и Фејсбук и посебно нејзиниот канал на YouTube каде привлекува повеќе од 1,2 милиони следбеници и ја добива првата награда „Сребрено копче“ за 100.000 следбеници, а подоцна и „Златно копче“ за 1 милион следбеници. Во истиот период одржува работилници за шминкање каде што предава на преку 300 студенти. Ова е препознаено од Академијата за шминка во Њујорк – како една од најелитните академии во оваа област каде што била поканета да предава.
Подоцна отвора своја линија за шминка и соработува со палета на светскиот бренд Анастасија Беверли Хилс, која беше распродадена низ целиот свет за само 2 месеци.
Маја, успешна Македонка која живееше во Јужноафриканската Република, каде што се занимаваше со претприемништво и работеше со сопствена компанија за бизнис и развој на руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки.
– Можете да имате добри и лоши моменти во животот, но Вие сте тие кои можете и треба да правите промени. Едно е желбата, друго е самодовербата. Верувајте во себе, бидејќи само така ќе успеете, им порача Јанеска на студентите од Факултетот за економски науки на АУЕ-ФОН, пред неколку денови.
На нејзиниот Инстаграм профил можат да се видат и фотографии со познати македонски личности.
-Честитки за постигнатото и ми беше голема чест да работам со нашето Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија и со почитуваниот министер доктор Бујар Османи за воспоставување дипломатски односи помеѓу мојата земја Република Северна Македонија и мојата втор дом Република Јужна Африка.
Патувањето за здружување на двете земји и нации беше мојата мисија како патриот и љубовта кон двете земји и нации е она што ме натера да го иницирам. Овој однос донесе неверојатни можности за бизнис, образование, туризам и размена на културни искуства..
Ви благодариме почитуван министре доктор Османи за вашата љубезна услуга за нашата прекрасна земја и многу посебна благодарност до почитуваниот министер Доктор Наледи Пандор и Република Јужна Африка – прекрасна душа, искусен политичар, мајка и сестра на многумина, научник и една од најдобрите ќерки на почвата за нејзината љубезна соработка во правењето на оваа прекрасна врска.
Моето срце е полно со љубов и благодарност за двете земји. Нека биде благословен патувањето на пријателството меѓу нас, напиша таа и објави фотографија со Османи.
-Не само најдобриот неврохирург во регионот и поранешен министер за здравство кој им помогна на многу пациенти за време на кризата со Ковид – туку и мојот роден пријател од градот Охрид. Се восхитувам на вашата работа.
Исто така, про боно работата што ја правите во Африка со години – за восхит е што на таков вешт и упатен лекар ќе му треба време да им помогне на нациите и на луѓето на кои им е потребна – Голем почит за вас, како на брат, заслужувате признание. Ви благодариме за вашата помош, напиша Маја и објави фотографија со Филипче.