Фудбалската федерација на Косово денес соопшти дека е испратена жалба до Меѓународната федерација ФИФА поради навредите на селекторот Драган Стојковиќ и расистичките провокации од навивачите на Србија за време на натпреварот со Швајцарија.
Косово во официјалното соопштение наведува дека имало истакнување на пароли со политичка содржина против Албанците, а навреди можеле да се слушнеле во текот на целиот натпревар.
„ФФК поднесе жалба со доказите до ФИФА и бара да се отвори истрага зао вој случај. Фудбалската федерација на ФИФА треба да биде суспендирана и еднаш засекогаш да се исфрлат ваквите скандирања од фудбалските стадиони на големи настани како што е Мундијалот“, стои во соопштението.
Неодамна Косово се жалеше до ФИФА и поради знамето кое стоеше во соблекувалната на Србија со картата на Косово и натпис „нема предавање“.
Косово нема да остави така: Тужба за Пикси и Србија – еве зошто
