ЖАЛНО: Итна медицинска помош со вклучени флешери заглавена во скопските блокади









Денес во Скопје е хаос. Се е блокирано. Страшно е. Но, покрај тоа – се случуваат за жал и многу други проблеми.




Една од многуте – итна медицинска помош со вклучени флешери заглавена во скопските блокади.




Ова го потенцира еден граѓанн кој објави и фотографија.

-Никогаш не поддржувам сообраќајни блокади како начин на протест. Затоа што тогаш твоето право на протест крши стотици права на илјадници луѓе.




Секој си води своја животна битка и многу е себично да мислиш дека твојот проблем е единствен и најголем на светот.

И тоа „ќе ги пропуштаме сите итни случаи” никогаш не функционира, оти амбулантните возила заглавуваат во километарски колони од кои не можат да мрднат за да дојдат до вас и да ви кажат да ги пропуштите.




Скопје не е Берлин да има сто пристапи до 20 клинички центри. Еден центар е за цела држава. Се надевам денеска никој нема да плати со живот во амбулантно комбе кое стои во место, напиша тој во својата објава на социјалните мрежи., се вели во објавата.




error: Content is protected !!